Чифлик (Кочанско)
Чифлик | |
Координати 41°52′8″N 22°19′2″E / 41.86889° СГШ; 22.31722° ИГД | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 545 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13046 |
Надм. вис. | 291 м |
Чифлик на општинската карта Атарот на Чифлик во рамките на општината | |
Чифлик на Ризницата |
Чифлик — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Чифлик се наоѓа во Кочанската Котлина, оддалечено 11 километри западно од Кочани. Покрај селото тече реката Брегалница.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пашаџик Полски (Чифлик)живееле 220 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 304 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 667 жители, 666 Македонци и 1 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 545 жители, од кои 511 Македонци и 34 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | 304 | 392 | 459 | 623 | 610 | 688 | 744 | 704 | 667 | 545 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Чифлик е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Староседелци: Табаци (11 к.), Ќеримци или Јанковци (9 к.), Пачаризи (8 к.) и Бошковци (4 к.) они порано живееле во старото село. Табаци и Бошковци порано биле еден род, во родот Ќеримци некој човек се оженил со православна Ромка, и затоа во овој род и сега има некои луѓе со темна боја на кожата.
- Доселеници: Трогерчанци (5 к.) доселени се од селото Трогерци кај Штип; Златановци (5 к.) доселени се од селото Чешиново, таму биле род со Кашовци; Неделковци (6 к.) доселени се од селото Ерџелија во Овче Поле; Шоневци (3 к.) доселени се од селото Спанчево; Припечанци (2 к.) доселени се од селото Припечани; Јаќимовци (1 к.) основачот на родот е доселен како посинет од селото Спанчево; Вардинци (5 к.) и Колевци (9 к.) доселени се, но не знаат од каде.[11]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 885 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 537 гласачи.[13]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Чифлик на Карти на Гугл
|