Јабланица (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јабланица

Поглед на раштрканото село Јабланица

Јабланица во рамките на Македонија
Јабланица
Местоположба на Јабланица во Македонија
Јабланица на карта

Карта

Координати 41°18′47″N 20°34′49″E / 41.31306° СГШ; 20.58028° ИГД / 41.31306; 20.58028Координати: 41°18′47″N 20°34′49″E / 41.31306° СГШ; 20.58028° ИГД / 41.31306; 20.58028
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 308 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6336
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26022, 26522
Надм. вис. 840 м
Јабланица на општинската карта

Атарот на Јабланица во рамките на општината
Јабланица на Ризницата

Јабланица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Јабланица“ во 1342 година. За името постојат повеќе варијанти од каде потекнува:[2]

  • Суптантивизирана придавка (со првично значење „вода покрај која расте јаблан“) од исчезнатиот збор „јаблан“ и наставката -ица;
  • Образување со наставката -ица од апелативната основа „јаблан“ (вид шумско дрво), кое најпрво се однесувало на Јабланичка Река, а потоа преминало на планината и на селото; и
  • Од исчезнатото хидронимиско име Јабланина од апелативот јаблан + -ица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на дел од селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар високо се издига на планината.[3] Селото може да се смета како планинско, на надморска височина од 840 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 25 километри.[3]

Селото Јабланица се наоѓа во областа Дебарски (Долни) Дримкол, на 25 километри северозападно од градот Струга и 37 километри јужно од Дебар.

Воглавно се наоѓа на една пространа планинска тераса на левата страна на Јабланичка Река, во помал дел и на нејзината десна страна.

Селото има седум маали: Дејкоска, Горна, Шајноа, Гроф, Топлец, Бојкоо и Ломница. Маалите се раштркани и поради тоа селото е од разбиен тип. Помеѓу првите и три главни маала се наоѓа Збориште.

Историја[уреди | уреди извор]

Името на селото Јабланица првпат се споменува во периодот од 1342-1345 година во Душановата повелба за манастирот „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид. Селото во минатото имало чести напади од албанските племиња Геги и Тоски. На десната страна од Јабланичката Река има месност викана Велјаре, каде има гробови за кои се смета дека се од загинатите од качачките напади.[4] На врвот Топлец има остатоци од муслимански гробови за кои се смета дека се торбешки, чии жители биле приморани да се раселат поради качачките напади и присилната албанизација.[5]

Во XIX век, Јабланица било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.925 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.548 хектари, а на обработливото земјиште само 312 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Народната носија од Јабланица е типична носија од Дебарски Дримкол
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.188—    
19531.300+9.4%
19611.488+14.5%
19711.393−6.4%
19811.187−14.8%
ГодинаНас.±%
1991818−31.1%
1994741−9.4%
2002553−25.4%
2021308−44.3%

Според податоците од 1873 година, селото имало 120 домаќинства и 366 жители мажи, од кои 18 Македонци-муслимани и 348 Македонци.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Јабланица имало 960 жители, сите Македонци (850 православни и 110 муслимани).[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јабланица имало 992 жители.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци.[9]

Во 1961 година, Јабланица претставувало големо село со 1.488 жители, речиси целосно македонско население, додека во 1994 година тоа преминало во средно село по големина со 741 жител, од кои 736 Македонци и 5 жители Турци.[3]

Според попис од 2002 година, во селото Јабланица живееле 553 жители, од кои 545 Македонци, 1 Србин и 7 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 308 жители, од кои 266 Македонци, 1 Турчин и 41 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 960 992 1.188 1.300 1.488 1.393 1.187 818 741 553 308
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Јабланица е македонско-торбешко село.

Родови во селото се:[16]

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Бизимовци (11 к.), Батковци (4 к.), Ѓеровци (9 к.), Симиџијовци (5 к.), Бандовци (3 к.), Менкиновци (6 к.), Буклијовци (4 к.), Цоклевци (4 к.), Лазаревци (2 к.), Шиниковци (5 к.), Чулупановци (3 к.), Палиовци или Поповци (5 к.), Ѓергевци (4 к.) и Пејчиновци (6 к.), родовите Бандовци, Менкиновци, Буклијовци, Цоклевци и Лазаревци се гранка од родот Симиџијовци;
    • Доселеници: Косковци (1 к.), Белковци (4 к.), Долинци (2 к.), Аџијовци (8 к.), Кочовци (4 к.), Шикулевци (4 к.) и Петровци (4 к.), сите се доселени од селото Мартинеши (во Албанија), близу до реката Мат; Домазетовци (5 к.), доселени се од Мартинеши или Стеблево (во Албанија); Велоклењовци (6 к.), Топузовци (2 к.), Будиновци (3 к.), Марковци или Терзијовци (3 к.) и Цаповци (1 к.), доселени се од селото Клење, Голо Брдо; Лекици (15 к.), доселени се од некое место Леки-Лекаит кај Скадар (северна Албанија); Апостоловци или Постоловци (3 к.), доселени се однекаде; Алачковци или Кајшовци (2 к.), потекнуваат од предок кој дошол како домазет од селото Брчево; Пентелешовци (4 к.), доселени се од некое место кај Солун (Егејска Македонија); Цоклевци (3 к.), вистинските Цоклевци се гранка од родот Симиџијовци, но овие Цоклевци потекнуваат од предок кој бил посинет од Солунско и Тримовци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Нерези.
  • Торбешки родови: Садиковци (3 к.), Ајдовци (1 к.), Шабовци (2 к.), Адемовци (2 к.), Јусковци (2 к.), Демировци (4 к.), Јашаровци (5 к.) и Асковци или Асокленовци или Асовци (6 к.), стари родови се во селото. Шабовци, Адемовци и Јусковци се гранки од православниот род Домазетовци. Демировци и Јашаровци се гранки од православниот род Пејчиновци. Последниот род е доселен од селото Себишта, Голо Брдо.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Јабланица, се наоѓале и селата Безово, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Јабланица било дел од некогашната општина Бороец, во која влегувале селата Бороец, Јабланица и Лакаица.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1890 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Јабланица, каде влегуваат селата Јабланица и Лакаица.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 579 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 570 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Кале — утврдување од римско време.
Цркви[21]
Џамии[21]
Реки[22]
Споменици
  • Спомен-плоча од НОБ на сретсело

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Јабланица

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 96.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 137. Посетено на 7 ноември 2018.
  4. Debarski Drimkol -Milenko S Filipović: Skoplje : Štamparija "Južna Srbija", 1939;
  5. Јован Цвијић -Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије I-III, 1906—1911;
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 ноември 2018.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Филиповиќ, Миленко (1939). Дебарски Дримкол. Скопје.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 7 ноември 2018.
  18. „Локални избори 2017“. Посетено на 7 ноември 2018.
  19. „Референдум 2018“. Посетено на 7 ноември 2018.[мртва врска]
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. 21,0 21,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 33. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  23. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16, 18.
  24. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 18.
  25. Исторически албум на град Струга, София, 1930, стр. 38.
  26. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 95.
  27. Elisabetha Pejcinoska

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]