Негрево

Координати: 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Негрево

Панорамски поглед на Негрево

Негрево во рамките на Македонија
Негрево
Местоположба на Негрево во Македонија
Негрево на карта

Карта

Координати 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306
Регион  Источен
Општина  Пехчево
Област Малешевија
Население 45 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01006
Надм. вис. 965 м
Негрево на општинската карта

Атарот на Негрево во рамките на општината
Негрево на Ризницата

Негрево — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Улица низ селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од градот Пехчево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 до 1.080 метри. Од градот Пехчево е оддалечено 3 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 19,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 524 хектари, на пасиштата отпаѓаат 757 хектари, а на шумите 473 хектари.[2]

Асфалтниот пат до селото бил обновен во текот на 2014 година, кој се двои од регионалниот патен правец Пехчево-Делчево.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Негрево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Во минатото, во Негрево работел погон на „Лозар“ од Пехчево за производство на ракија.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948416—    
1953435+4.6%
1961411−5.5%
1971356−13.4%
1981280−21.3%
ГодинаНас.±%
1991200−28.6%
1994170−15.0%
200297−42.9%
202145−53.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негрево имало 315 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негрево имало 400 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Поради иселување на дел од населението, Негрево преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 411 жители, а во 1994 година 170 жители, сите Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Негрево живееле 97 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 315 400 416 435 411 356 280 200 170 97 45
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште
  • Едукативен центар за зачувување на природата — започнал со работа во 2018 година и е сместен во поранешната училишна зграда која што е обновена и опремена со голем број на образовни, креативни и интерактивни алатки и помагала.[12] Основната цел на образовниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Со реконструкцијата на старата училишна зграда, внатрешниот и надорешниот дел беа адаптирани за потребите на современ и интерактивен образовен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира биолошката разновидноста на брегалничкиот слив. Образовниот центар има уреден двор со елементи за интерактивни активности за деца, млади и возрасни. Посетителите може да ја посетат и „Патеката на Петко и шумските жители - Пехчевска авантура”, која го поврзува образовниот центар со месноста Јудови Ливади, каде вирее инсектојадното растение муволовка (Drosera Rotundifolia), кое е ендемичен вид за овие простори.[13]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Чифлик и Негрево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Негрево се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0017 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Константин и Елена“
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Реки[19]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Негрево

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Училишната зграда во селото била одбрана како средишна зграда за новиот образовен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион. За таа цел зградата на поранешното основно училиште била целосно обновена. Проектот бил целосно поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој.[12]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 205. Посетено на 12 декември 2017.
  3. „Пуштен во употреба локалниот пат Пехчево – Негрево“. Општина Пехчево. 6 февруари 2014. Посетено на 12 декември 2017.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 декември 2017.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 „Старото училиште во Негрево прерасна во едукативен еко центар“. Вечер. 12 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-26.
  13. „Мрежно место на Едукативен центар за зачувување на природата“.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 12 декември 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 12 декември 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 50. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. Никогаш не ќе кажеме се за Ристо Шишков [мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]