Супурге

Координати: 41°40′45″N 22°24′08″E / 41.67917° СГШ; 22.40222° ИГД / 41.67917; 22.40222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Супурге

Поглед на селото

Супурге во рамките на Македонија
Супурге
Местоположба на Супурге во Македонија
Супурге на карта

Карта

Координати 41°40′45″N 22°24′08″E / 41.67917° СГШ; 22.40222° ИГД / 41.67917; 22.40222
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 56 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22043
Надм. вис. 665 м
Супурге на општинската карта

Атарот на Супурге во рамките на општината
Супурге на Ризницата

Супурге (поретко: Супурѓе) — село во Општина Радовиш, во областа Јуруклак, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 56 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Штип.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 665 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 7 километри.[4]

Селото е сместено во областа Јуруклак, на јужните падини на планината Плачковица.

До селото води макадамски пат од селото Прналија, кој во 2021 година бил проектиран да биде асфалтиран.

Северозападниот дел на атарот излегува на вештачкото Тополничко Езеро. Се наоѓа во источниот дел на општината, 3 километри југозападно од селото Коџалија.

Историја[уреди | уреди извор]

Супурге традиционално е населено од групата Јуруци, кои се најстарите турски доселеници во Македонија, дојдени уште во XIV век.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 4,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 201 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 119 хектари, а на пасиштата 118 хектари.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948117—    
1953132+12.8%
196172−45.5%
197146−36.1%
198182+78.3%
ГодинаНас.±%
199166−19.5%
199461−7.6%
200256−8.2%
202156+0.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Супурче имало 220 жители, сите Турци.[5]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сјупјурге живееле 105 Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[7]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 72, а во 1994 година 61 жител.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Супурге живееле 56 жители, сите Турци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 54 Турци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 117 132 72 46 82 66 61 56 56
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Супурге било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Супурге, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Раклиш, Прналија и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурге и Тополница.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1601 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамии[16]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 291. Посетено на 24 јануари 2022.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 24 јануари 2022.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]