Дражево

Координати: 41°22′23″N 22°55′23″E / 41.37306° СГШ; 22.92306° ИГД / 41.37306; 22.92306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дражево
Дражево во рамките на Македонија
Дражево
Местоположба на Дражево во Македонија
Дражево на карта

Карта

Координати 41°22′23″N 22°55′23″E / 41.37306° СГШ; 22.92306° ИГД / 41.37306; 22.92306
Општина Ново Село
Население 234 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2436
Шифра на КО 27026
Слава Мала Богородица
Дражево на општинската карта

Атарот на Дражево во рамките на општината
Дражево на Ризницата

Дражево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дражевска Река
Јавор во селото, заштитен со закон
Новото училиште во село Дражево, Струмичко
ОУ „Мануш Турновски“
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

Селото Дражево се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 330 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 29 километри. Низ селото поминува Дражевска Река, која го дели селото на два дела.

Селото се граничи со Смолари, Бајково, Ново Коњарево, Старо Коњарево и соседна Грција (Егејска Македонија).

Историја[уреди | уреди извор]

Легенди за името[уреди | уреди извор]

Се смета дека селото го добило името според машкото име Дражен или Драган. Втората легенда вели дека на луѓето им било драго што живеат овде, па затоа селото било наречено Дражево.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Првпат селото се споменува во пописот од 1519 година, спроведен од Турците, кога селото имало само 5 семејства под името Дражева[2].

Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948500—    
1953516+3.2%
1961604+17.1%
1971650+7.6%
1981629−3.2%
ГодинаНас.±%
1991573−8.9%
1994467−18.5%
2002462−1.1%
2021234−49.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дражово живееле 380 жители, сите Турци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]

Населението масовно се иселува од селото, па така иако на пописот од 1971 година имало 649 жители, на пописот од 2002 година Дражево брои само 462 луѓе[5].

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 462 жители, од кои 460 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 200 Македонци, 1 Србин и 33 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 500 516 604 650 629 573 467 462 234
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото има пошта, основно четиригодишно училиште, амбуланта, матична служба, месна заедница и водовод.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1783 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во горниот дел од Дражево, се наоѓа црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а селската слава се празнува на 21 септември.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото опстојува и спортскиот клуб „Беласица“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 562-566
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 187.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2009-01-11.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]