Царство Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царство България
Царство Бугарија

 

1908 – 1946
 

Знаме Грб
Химна
Шуми Марица

Царска химна
Химна на негово Величество Царот
Местоположба на Бугарија
Бугарија во 1914 година, после Балканските војни и пред Првата светска војна.
Главен град Софија
Јазици Бугарски
Вероисповед православие
Уредување Уставна монархија
Цар
 -  1908-1918 Фердинанд I
 -  1918-1943 Борис III
 -  1943-1946 Симеон ІІ
Совет на министри
 -  1908-1911 (прв) Александар Малинов
 -  1944-1946 (последен) Кимон Георгиев
Историски период Прва светска војна/Период меѓу двете светски војни/Втора светска војна
 -  Официјално[1] прогласување на независност 5 октомври 1908
 -  Балкански војни 1912-1913
 -  Букурешки договор 10 август 1913
 -  Нејски мировен договор 27 ноември 1919
 -  Укинување на монархијата 15 септември 1946
Валута Бугарски лев

Царство Бугарија (бугарски: Царство България) било царство во Југоисточна Европа од 1908 до 1947. Престолнината на царството била во Софија.

После ослободувањето во 1878 според Берлинскиот конгрес Бугарија станала "автономно трибутарно кнежевство". Во Трновскиот устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманското Царство, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Истовремено по дипломатски и политички пат многу бугарски влади морале да ги негираат одредбите од Берлинскиот конгрес во однос на вазалноста кон Истанбул.

На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија и со поддршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд прочитал манифест во старата престолнина Велико Трново. Променет бил и Трновскиот устав, со којшто титулата на Фердинанд била променета од "кнез" на "цар" и соодветно официјалното именување на државата - од "Кнежевство Бугарија" во "Царство Бугарија".

Бугарија во времето на Втората светска војна.

После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт на 9 септември 1944 година се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на којшто бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кнежевство Бугарија де факто била независна држава според нејзиниот Устав, со сопствено знаме, грб, војска.