Кнежевство Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кнежевство Бугарија
Княжество България  (бугарски)
Вазална држава на Османлиската империја

1878–1908
Знаме Princely Coat of arms (from 1885)
Химна
"Шуми Марица"
Шуми Марица  (бугарски)
Бугарија во зелено. Источна Румелија, во светло зелено, се обедини со Кнежевството во 1885 година.
Главен град Трновград
(1878–1879)
Софија
(1879–1908)
Јазици Бугарски
Вероисповед Бугарска православна
Уредување Кнежевство
Кнез
 -  1879–1886 Александар I
 -  1887–1908 Фердинанд I
Регент
 -  1886–1887 Стефан Стамболов
 -  1886–1887 Сава Муткуров
 -  1886–1887 Петко Каравелов
Претседател на Советот на министри
 -  1879 Тодор Бурмов (прв)
 -  1908 Александар Малинов (последен)
Законодавство Народно собрание
Историја
 -  Санстефански мировен договор 3 март 1878
 -  Берлински договор 13 јули 1878
 -  Усвојување на Уставот 28 април 1879
 -  Обединување на Бугарија 6 септември 1885
 -  Прогласување на независност 5 октомври 1908
Површина
 -  1880 63752 км²
 -  1908 95223 км²
Население
 -  1880 2007919 
     Густина 31.5 жит/км²
 -  1908 4215000 
     Густина 44.3 жит/км²
Валута Бугарски лев

Кнежевство Бугарија била де факто независна вазална држава на Османлиската империја формирана со Берлинскиот договор од 1878 година.

После Руско-турската војна, во која победи Русија, бил потпишан Санстефанскиот договор, кој предвидувал формирање на голема бугарска држава во чиј состав би влегол и поголемиот дел од Македонија. Сепак, Велика Британија и Австроунгарија биле против воспоставување на таква држава која ќе биде продолжена рака на Русија на Балканот. Поради тоа, големите сили во Берлин во 1878 година го потпишале договорот кој бил замена за Санстефанскиот договор (кој никогаш не стапил во сила). Со Берлинскиот договор се создаде многу помалото Кнежевство Бугарија, а на Источна Румелија и се даде автономија во рамките на Османската империја.

Во 1885 година, Кнежевството Бугарија се обедини со Источна Румелија. На обединувањето на Бугарија и прекршувањето на одлуките од Берлинскиот конгрес се спротистави Србија, па истата година (1885) започна Српско-бугарската војна. Во војната победила Бугарија, со што било признато нејзиното обединување. На 5 октомври 1908, тогашниот бугарски кнез Фердинанд I прогласува независнот, а тој се прогласува за цар на новоформираното Царство Бугарија.