Народно собрание на Бугарија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Народното собрание е државен орган, што ја врши законодавната власт во Република Бугарија. Според Трновскиот устав во Бугарија има Обично народно собрание и Големо народно собрание, а потоа зборот „обично“ отпаѓа од името на органот.

Народното собрание е единствен законодавен орган во Република Бугарија. Собранието се формира со третата глава на бугарскиот устав од 1991 г. (од чл. 62 до чл. 91). Во Република Бугарија НС е врховен претставнички орган на државната власт, што ја претставува волјата на народот и неговиот суверенитет. Се состои од 240 народни пратеници, а Големото народно собрание од 400 пратеници избрани на општо, рамно и преку избирачко право со тајно гласање за рок од 4 г. Од својот состав се избира претседател на парламентот, заменик-претседател на парламентот и парламентарни комисии. Народното собрание е постојано-дејствувачки орган. Собранието ја врши законодавната власт и парламентарната контрола. Народното собрание ги донесува, изменува, дополнува и менува законите, го донесува државниот буџет, ги определува даноците и нивниот размер, донесува одлуки за распишување на национален референдум, избира премиер и по негови предлози Министерскиот совет, создава и преобразува министерства (по предлози на премиерот), ги избира раководителите на Бугарската Народна Банка и на други институции определени со законот, да одлучува за војна и мир, да одлучува за воена или друга вонредна состојба по предлози на претседателот или на Министерскиот совет, дава амнестија, распишува ордени и медали, одлучува за официјалните празници и така натаму. Народното собрание ги ратификува и донесува меѓународните договори предвидените во Уставот на Република Бугарија. Донесува закони, одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.

Парламенти[уреди]

Зградата на Народното Собрание во Софија
Собрание Мандат Број на пратеници
1 Големо народно собрание 17.04.1879 - 26.06.1879 231
1 Обично народно собрание 21.10.1879 - 24.11.1879 158
2 Обично народно собрание 23.03.1880 - 18.12.1880 172
2 Големо народно собрание 01.07.1881 307
3 Обично народно собрание 10.12.1882 - 25.12.1883 47
4 Обично народно собрание 27.06.1884 - 06.09.1886 195/286
3 Големо народно собрание 19.10.1886 - 03.08.1887 493
5 Обично народно собрание 15.10.1887 - 17.12.1889 285
6 Обично народно собрание 15.10.1890 - 15.12.1892 276
4 Големо народно собрание 03.05.1893 - 17.05.1893 577
7 Обично народно собрание 15.10.1893 - 21.12.1893 145
8 Обично народно собрание 15.10.1894 - 04.02.1896 149
9 Обично народно собрание 01.12.1896 - 19.12.1898 159
10 Обично народно собрание 16.05.1899 - 29.11.1900 169
11 Обично народно собрание 22.02.1901 - 23.12.1901 166
12 Обично народно собрание 22.04.1902 - 31.03.1903 188
13 Обично народно собрание 02.11.1903 - 22.12.1907 189
14 Обично народно собрание 15.06.1908 - 15.02.1911 203
5 Големо народно собрание 09.06.1911 - 09.07.1911 414
15 Обично народно собрание 15.10.1911-23.07.1913 213
16 Обично народно собрание 19.12.1913 - 31.12.1913 204
17 Обично народно собрание 20.03.1914 - 15.04.1919 257
18 Обично народно собрание 02.10.1919 - 20.02.1920 237
19 Обично народно собрание 15.04.1920 - 11.03.1923 232
20 Обично народно собрание 21.05.1923 - 11.06.1923 245
21 Обично народно собрание 09.12.1923 - 15.04.1927 267
22 Обично народно събрание 19.06.1927 - 18.04.1931 275
23 Обично народно собрание 20.08.1931 - 19.05.1934 283
24 Обично народно собрание 22.05.1938 - 27.04.1939 160
25 Обично народно собрание 24.02.1940 - 23.08.1944 160
26 Обично народно собрание 15.12.1945 - 28.09.1946 279
6 Големо народно собрание 07.11.1946 - 21.10.1949 465(375)
1 (27) Народно собрание 17.01.1950 - 02.11.1953 239
2 (28) Народно собрание 14.01.1954 - 11.12.1957 249
3 (29) Народно собрание 13.01.1958 - 04.11.1961 254
4 (30) Народно собрание 15.03.1962 - 08.12.1965 321
5 (31) Народно собрание 11.03.1966 - 18.05.1971 416
6 (32) Народно собрание 07.07.1971 - 09.03.1976 400
7 (33) Народно собрание 15.06.1976 - 07.04.1981 400
8 (34) Народно собрание 16.06.1981 - 21.03.1986 400
9 (35) Народно собрание 17.06.1986 - 03.04.1990 400
7 Големо народно собрание 10.07.1990 - 02.10.1991 400
36 Народно собрание 04.11.1991 - 17.10.1994 240
37 Народно собрание 12.01.1995 - 13.02.1997 240
38 Народно собрание 07.05.1997 - 19.04.2001 240
39 Народно собрание 05.07.2001 - 17.06.2005 240
40 Народно собрание 11.07.2005 - 240

Големо народно собрание[уреди]

Големото народно собрание (ГНС) е претставнички државен орган во Бугарија. Се избира непосредно од избирачите од целата земја за решавање на важни државни и општествени прашања, како и донесување или менување на уставот, менување на територијата на државата, избирање на претседател, регенти и др. Како бугарска институција, ГНС е создадено со чл. 85 на Трновскиот Устав, укинато е со уставот од 1947, потоа повторно е установено со промени во Уставот на Народна Република Бугарија во 1990.

Надворешни врски[уреди]