Александар I Батенберг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар I Батенберг
кнез на Бугарија
[[File:Alexander-von-Battemberg.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 26 јуни, 1879 - 7 септември, 1886
Полно име Александар Јозеф фон Батенберг
Почивалиште Мавзолејот на Батенгерг, Софија
Наследник Фердинанд I
Придружник Јохана Лојзингер
Династија Батенберг
Династија Батенберг
Татко Александар фон Хесен-Дармщат
Мајка Јулија фон Хауке
Грбот на династијата Батенберг во Бугарија

Александар I Батенберг, (бугарски: Александър Йозеф Батенбер (5 април 1857 - 23 октомври 1893), бил прв нововековен кнез на Бугарија. Во 1879 година во Трново бил донесен устав и било одлучено да се забрза изборот за суверен кнез. Имало повеќе кандидати, а меѓу нив бил и принцот Валдемар, син на данскиот крал Кристијан IX и брат на грчкиот крал Георги I. Меѓутоа, преставниците на Руското царство влијалеле врз Бугарите да ја прифатат кандидатурата на германскиот офицер, принцот Александар од Батенберг, кој бил роднина на руската царица Марија, жена на Александар II [1].

Александар I немал политичко образование и имал антилиберални погледи. Имајќи ја подржката на руските војници и службеници кој биле во служба на Бугарија, се судрил со Народното собрание. Кон крајот на 1879 година, Бугарското собрание било распуштено, меѓутоа во 1880 година повторно либералите имале мнозинство во собранието. Во 1881 година, Александар I организирал државен удар и формирал конзервативна влада на чело со двајца руски генерали: Собољев и Каулбарас. Во собранието сите преставници се обединиле против владата и во септември 1883 година руските генерали поднеле оставка.

За да ја сочува својата круна, Александар I дозволил да се формира една либерално-конезравтивна влада, а за да се опрвада пред бугарската јавност истакнал дека тој не е виноврн за државниот удар од 1881 година, туку дека тој бил кренат по барање на рускиот цар Александар III. Бугарскиот кнез не се мешал во работата на владата, а на бугарското собрани му дозволил само да ги донесува законите.

Во 1885 година, било објавено обединувањето на Кнежеството Бугарија и Источна Румелија, меѓутоа големите сили и Руското царство се спротиставиле на обединувањето на бугарските земји, бидејќи тоа преставувало кршење на одлуките од Берлинскиот конгрес. Европските дипломати организирале конференција за ова прашање, меѓутоа обединувањето на Бугарија било официјализирано кога Александар I Батенберг се прогласил за кнез на северна и јужна Бугарија. Александар I Батенберг со оваа одлука, врз себе го навлекол бесот на рускиот цар Александар III кој им наредил на сите Руси - цивили и војници да ја напуштат бугарската територија.

Обединувањето на Бугарија ги раздвижило српските владеачки кругови во Белград. Во Српското Кралство заваладеала воена атмосфера. Српскиот крал Милан Обреновиќ побарал територијална компезација за Србија која требало да биде еднаква на бугарското обединување. Александар I Батенберг за да ја спречи војната, започнал дирекна коресподенција со Милан Обреновиќ, меѓутоа српскиот крал ги одбил сите предлози. Милан Обреновиќ го искористи заминувањето на Русите, објавувајќи и војна на Бугарија. Во самиот почетокот Српско-бугарската војна, Александар I ја презел командата над бугарската војска, а во ноември 1885 година се одиграла одлучувачката битка кај Сливница. Во 1886 година, бил потпишан Вториот букурешки договор со кој Српското Кралство не изгубило територија, но никој повеќе не го оспорил обединувањето на Бугарија.

По војната, бугарскиот политички живот бил поделен на два табори: радикали и либерали. Радикалите го подржувале принципот на национална независност и се спротиставувале на било какво надворешно влијание во Бугарија, а либералите биле подржувани од Руското царство и сакале да ги сочуваат бугарските привилигирани врски со Санкт Петербург. Либералите на чело со Занков започнале силна активност за дестабилизирање на положбата на Александар I и бугарската влада составена од радикали. Во август 1886 година, проруските сили извршиле државен удар. Александар I бил извлечен ос војот кревет на спиење и бил принуден да ја напушти Бугарија, а заговорниците на власт го довеле Занков.

Меѓутоа, државниот удар бил неуспешен, бугарските националисти организирале контрареволуција, а Стефан Стамболов го повикал Александар I да се врати во Бугарија. Враќањето на Александар I Батенберг ја усложниле политичката ситуацијата. Рускиот цар Александар III бил спремен да ја прифати контрареволуцијата и нејзините раководители, но не сакал да слушне за Александар I [1]. За да се излезе од таквата состојба, во септември 1886 година, Александар I Батенберг абдицирал и засекогаш ја напуштил Бугарија.

По напуштањето на Бугарската држава, Александар започнал нова воена кариера и станал генерал во австроунгарската војска. По абдикацијата се оженил со Јохана Лојзингер со која имал две деца. Својот единствен син го крстил Крум-Асен во спомен на бугарските владетели од средниот век. Најверојатно ова име било избрано бидејќи Александар се надевал дека ќе се врати во Бугарија, но неговиот син, Крум-Асен фон Хартенау немал потомство [1].

Потекло[уреди]

Роден е на 5 април 1857 година во Верона, Италија. Неговото целосно име е принц Александар Јозеф фон Батенберг (германски: Prinz Alexander Joseph von Battenberg). Александар бил втор син на германскиот принц Александар фон Хесен-Дармштат и полската графиња Јулија Фон Хауке, руска дама. Нивните потомците се нарекуваат "Фон Батенберг" (според еден имот во Хесен), бидејќи рускиот владетел Александар II бил против тој брак.

Александар Батенберг бил германски аристократ, чие семејство има роднински врски со англиското кралско семејство и со рускиот императорски двор. Кнез Александар е внук на руската царица Марија Александрова (сестра на татко му), тој е прв братучед е на императорот Александар III и е чичко на последната руска царица - Александра, која е ќерка на неговиот прв братучед Лудвиг IV Хесенски.

Братот на Александар Батенберг, Хајнрих, е оженет за најмалата ќерка на Кралицата Викторија - принцезата Беатрис. Другите двајца негови браќа - Лудвиг и Франц Јосиф, се женети за внуките на британската кралица - принцезите Викторија Хесенска и Елена Петровиќ-Негошина. Александар бил чичко на шпанската кралица Викторија Евгенија, на шведската кралица Луиз и сопругот на британска кралица, единбуршкиот војвода Филип, кој е син на внука на Александар I Батенберг - принцезата Алис Батенберг.

Воена кариера[уреди]

Се стекнал со воено образование и служел како помлад поручник во Лејбдрагунски хесенски полк. На 20 годишна возраст, младиот принц Александар фон Батенберг добил дозвола од царот Александар II да стапи во Руската армија. По започнувањето на Руско-турската војна во 1877 година, служел во Лејбгвардејскиот улански полк и достојно се држел за време на походот под команда на генерал-полковник Јосиф Гурко во Јужна Бугарија. Бил награден со "Георгиевски крст" IV степен на 18 јули (стар стил 1877 година. По краткиот престој во Санкт Петербург, повторно се вратил во Бугарија, каде што учествувал во завршните операции на војната.

Владетел на Бугарија[уреди]

Избор за бугарски кнез[уреди]

Уште во текот на Руско-турската војна било формирана привремена руска управа за бугарските заемји. Во мај 1878 година, за руски царски комесар во Бугарија бил назначен кнезот Александар Дондуков со мандат од две години, меѓутоа Берлинскиот договор му го намил мандатот на 9 месеци. Привремената руска управа го подготвила основачкото собрание на кое учествувале 229 пратеници (поголемиот дел од нив биле избраните од народот), на кое бил изработен бугарскиот устав. На 16 април 1879 година е усвоен главниот закон според кој Бугарија била прогласена за уставна монархија со еднодомен парламент и право на глас на сите мажи со наполнети 21 година. Според уставот, кнезот бил командант на бугарската војска и му припаѓа извршната власт.

На 17 април 1879 година било свикано Првото големо бугарско народно собрание, и по предлог на рускиот цар за бугарски кнез бил избран принцот Александар Батенберг [2][3], под името кнез Александар I. Поради притисокот на "големите сили" волјата на пратениците била ограничена [4]. На 26 јуни 1879 година, кнез Батенберг положил свечена заклетва во читалиштето "Надеж" во Трново, каде се родил бугарскиот слоган: "Соединувањето ја прави силата". По заклетвата, Александар I наградил 200 луѓе [5][6][7][8].

Режим на полномоштва (1881-1883)[уреди]

Портрет на Александар I Батенберг
Палатата на Батенберг во Софија

Уште во самиот почеток на своето владеење, Александар I не го одобрувал Трновскиот устав. Сметал дека уставот ги ограничува неговите права и обезбедува непотребно широки граѓански права. Природно бил против бугарската либерална партија, која била главен идеолог на уставот. Александар I како погоден момент го искористил убиството на рускиот цар Александар II од страна на приврзаниците на Народњаштвото. Учествувал во погребот на рускиот цар во Санкт Петерсбург, каде што успеал да го убеди неговиот наследник Александар III, дека бугарските либерали се блиски до идеите на атентаторите. Александар I ја добил наклонетоста на рускиот двор за своите идни дејствија. Поради своето потекло, ја имал подршката и на Германското царство и Австро-Унгарија.

На 27 април 1881 година, Батенберг извршил државен удар и го укинал Трновскиот устав, ја соборил легалната избраната влада на Петко Каравелов била соборена, а дотогашниот министер за одбрана - рускиот офицер Казимир Ернрот, ја презел функцијата на премиер. Со укинувањето на уставот, во Бугарското кнежество била воведена неофицијална воена состојба. Територијата на Кнежевството било поделено на пет области, на чело на со вонредни комесари - руски офицери. На судовите им било наредено да издаваат само две пресуди - еден месец затвор и смрт.

Владата на Ернрот имала за задача да ги подготви и одржи избори за Големо Национално Собрание, кое требало да ги одобри барањата на Александар I Батенберг. По државниот удар, Либералната партија започнала кампања против бугарскиот кнез. Приврзаниците на либералите, масовно одбиле да учествуваат во изборите за Големото Национално Собрание, целиот изборен процес бил исполнет со судири помеѓу либералите и полицијата. На крајот, во Големото Национално Собрание речиси сите преставници биле приврзаници на Батенберг.

На 1 јули 1881 година во бугарскиот град Свиштов, Големото Национално Собрание започнало со својата работа. Александар I, прочитал соопштение со кое побарал право да управува со помош на полномоштва (оттаму името на режимот) во текот на седум години. Декларацијата била усвоена со овации, без дискусии. Батенберг добил право да управува со полномоштва, а по истекот на седумгодишниот период, требало да се свика Големото Национално Собрание кое требало да прифати измени на уставот.

Првата влада што Александар I ја составува не ги вклучила прествниците на Конзервативната партија, ако таа го подржувала бугарскиот кнез. Новиот режим започнал со гонење на приврзаниците на Либералната партија, поради што речиси сите емигрираат (главно во Источна Румелија) или се интернирани. Во самата Либералната партија доаѓа до поделба на две крила, на чело на умереното крило бил Драган Цанков, кој бил подготвен да прифати одредени измени на уставот, ако тој биде возбновен. Крајното крило во Либералната партија било предводено од Петко Каравелов, кој барал целосно врање на Трновската конституција. Неговите приврзаници ја издигнале паролата: "Има Устав - има кнез. Нема Устав - нема кнез". Режимот му доверил на задача на професорот Марин Дринов да започне преговови со либералите и конзервативците за да дојде до помирување. Меѓутоа, целата иницијатива била осудена на пропаст од самиот почеток. Односите на конзервативците се влошиле со Руското царство, бидејќи го подржувале австро-унгарскиот проект за железничка мрежа во Бугарија.

Драган Цанков
Петко Каравелов

За да ги сочува пријателските врски со Санкт Петерсбург, а истовремено да ја задржи и поддршката на конзервативците, Александар I Батенберг решил да формира влада на чело со генерал Леонид Соболев и генерал Александар Каулбарс - и двајцата руски офицери. Во кабинетот свој места добиле истакнати конзервативци. Меѓутоа, набргу дошло со судир помеѓу руските генерали и Конзервативната партија. Во центарот на судирот повторно се нашло прашањето за железницата. Генералите го поддржувале рускиот проект, а конзервативците - австро-унгарскиот. Двете страни почнале да бараат поддршка од либералите. Под водство на кнезот, конзервативците започнале преговори со либералите на Драган Цанков. Во почетокот на август 1883 година, бил потпишан договор, според кој Конзервативната партија требало да преземе активност за обнова на уставот, а приврзаниците на Цанков активност за негова измена. Александар I Батенберг на премиерската функција го поставил Цанков, а владата се состоела од умерени либерали и конзервативци. Набргу потоа, бил донесен проектот на Австро-Унгарија за изградба на железничката мрежа на Бугарија. На 5 декември 1883 година е трасиран Законот за изменување и дополнување на уставот.

Руските генерали било остранети од власта, но тие склучиле сојуз со крајните либерали на Каравелов и започнале кампања против владата. Во мај 1884 година, биле одржани зибори на кои целосна победа постигал Петко Каравелов. Бугарскиот кнез бил принуден на Каравелов да му дозволи да ја формира новата влада, која што била формирана на 29 јуни 1884 година на чело со самиот Петко Каравелов. Новата влада целосно го обновила уставот, т.н Режим на полномоштва завршил.

Обединување на Бугарија[уреди]

Во есента 1885 година, било објавено обединување на Кнежеството Бугарија и Источна Румелија. Целата акција била кординирана од Бугарскиот таен централен револуционерен комитет (БТЦРК). Во различни градови на територијата на Источна Румелија дошло до бунтови, а на 6 септември стар стил 1885 година дошло до државен удар во Пловдивподржан од кнез Александар I и предводен од тогашниот мајор Данаил Николаев [9][10]. Веднаш по обединувањето, бугарскиот министер-претседател Петко Каравелов на митинг во Трново ги изнел бугарските претензии кон Мaкедонија:

Оваа година во Тракија, догодина во Македонија [11][12]

И покрај отпорот на Руското царство и Александар III, обединувањето добило дипломатско и меѓународно принавање. На 5 април 1886 година, обединувањето било легализирано од страна на Османлиската империја со Топханенскиот акт. Овој договор бил подготвен од бугарскиот политичар и дипломат Илија Цанов (Илија ефенди) и неговиот тим. Од османска страна потпишале Ќамил паша и султанот.

Со потпишувањето на договорот Бугарија и Османлиската империја постигнале договор, според кој Кнежеството Бугарија и Источна Румелија имаат заедничка влада, парламент, администрација и армија. Единственото разлика помеѓу двата дела на земјата е тоа што бугарскиот кнез Александар I Батенберг бил формално назначен од султанот за генерал-гувернер на Источна Румелија.

Недоразбирање со Србија[уреди]

Обединувањето на Бугарија, за младото Српско Кралство преставувало нарушување на постојното статус кво и Берлинскиот конгрес. Српската влада и кралот Милан Обреновиќ на дипломатските преставници во Белград, јасно им дале до знаење дека Србија треба да добие територијална компензација за проширувањето на Бугарија. Србија прогласила мобилизација. Александар I Батенберг решил да влезе во дирекни преговори со српскиот крал кралот Милан Обреновиќ. На 30 септември 1885 година, Батенберг писмено се обратил кај Милан. Притоа му предложил постигнување на договор за сфери на влијание и определување на границите на претензии. Александар од своја страна за преговарач го поставил Константин Стоилов [13]. ИСтиот ден, бугарскиот кнез испратил ново писмо, како дополнување на првото со покнкретни предлози. Во ова писмо Александар I Батенберг истакнал дека го разбира српското барање за компезација, но истакнал дека: Турција е голема. Затоа предложил разграничување на сферите на влијание и заеднички настап против Османлиската империја, која против себе наместо да има 50 000, би имала 100 000 војска [13].

Ставовите на Батенберг не биле усогласени со бугарската влада. Поради тоа бил направен нов предлог, а на местото на Стоилов бил поставен Димитар Греков. Новото пшисмо кое било испратено до кралот Милан Обреновиќ било со поумерен тон и со повеќе пријателски чуства. Во меѓувреме, Австро-Унгарија и Англија и предложиле на бугарската држава да направи територијални остапки кон Србија. Меѓутоа, бугарскиот одговор бил: За Видин и неговиот округ и за чисто бугарските места во Македонија, Бугарија е готова да го жртвува својот последен граѓанин и последниот цент[13]. Александар I Батенберг пред англискиот дипломатски агент изјавил дека ако Србија и Грција нвалезат во Македонија, истото ќе го стори и бугарската држава со 40 000 војници што се наоѓале на границата [14].

Српско-бугарска војна[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Српско-бугарска војна.

Борби[уреди]

Кралот Милан
Српско-бугарската војна

По низа провокации од српска страна, инцидентот од 1 ноември кај месноста Цветков гроб му послужила на Милан како повод на 2 ноември и објави војна на Бугарија. Претходно, српската влада не обрнувала никакво внимание на протестите на Бугарија против овие погранични провокации, како и против обидот на српски емисари да го бунтуваат пограничното бугарско население. Српскиот крал ја мобилизирала војската. Според некој податоци податоци српската војска по мобилизацијата броела 51.500 луѓе: 550 официри, 43.750 војници и 7 200 мешан кадар.

Врховната команда над целата српска армија ја презел лично кралот Милан, кој за началник на штабот го поставил, воениот министер полк. Јован Петровиќ, што било невообичаено, а за команданти на армиите, од искусните генерали од турските војни, биле поставени само генералите Јовановиќ и Лешјанин. Кралот Милан, стравувајќи да не му ја приграбат славата од сигурната победа над Бугарите, за свои соработник не земал ниеден од останатите искусни команданти од војните со Турција како што биле: Хорватовиќ, Белимарковиќ или Протиќ. Кралот Милан се надевал дека, во меѓувреме пред да започне бугарскиот противнапад, големите сили ќе се вмешаат и ќе ја прекинат војната.

Првите борби биле водени на 2 ноември кај Цариброд, кој истиот ден бил заземен од страна на Нишавската армија. На југ од Цариброд настапила српската Шумадиска дивизија во намерата да го запоседне патот Пирот-Трн-Брезник и во содејство со Моравската дивизија, откако ќе го преземат Трн и Брезник, да навлезат од југ во Софиското поле и изолирајќи го бугарскиот Ќустендилски одред, да се соединат со Дунавската дивизија, која настапувала од центарот на фронтот. Но, наидувајќи на силен отпор од бугарските единици, Шумадиската дивизија напредувала само 15 km, а бугарските трупи се повлекувале, отстапувајќи кон градот Трн. Во постојано напредување српските војски, по тешки борби и големи загуби на бугарска страна, на 4 ноември го заземале Трн.

Манифестот на Александар I Батенберг за објавување на војна
Батенберг за време на битката кај Сливница

Бугарската војска и понатаму се повлекувала, но сега утврдувајќи се на позициите кај с. Сливница, а исто така и српската армија успеала да се пробие кон Сливница. Положбата на бугарската војска била тешка и на воениот совет на бугарската армија, одржан на 4 ноември со учество на кнезот Александар I, било решено кај Сливница да се групира поголем дел од војската и следниот ден да се започне битка, во која би се одбиле српските напади додека не пристигне источно-румелиската војска. Кај Сливница на 4 ноември бугарската војска броела сè на сè околу 12.000 луѓе, наспроти скоро 25.000 српски војници.

Со таков сразмер на силите на 5 ноември, во раните утрински часови, започнала решавачката битка помеѓу двете армии. По неколкучасовни борби кон пладне борбите се интензивирале во центарот и на левото крило на бугарската војска. Понатаму во текот на денот, битката главно се одвивала помеѓу крилата, а во центарот иницијативата била на бугарска страна, благодарение на успешната подршка на артилеријата. Така, Бугарите го задржале противникот и добиле во време до пристигнувањето на војските од Тракија.

По победата кај Сливница, на јужниот фронт Бугарите прешле во настапување кон запад, а српската војска започнала во паника да се повлекува кон нејзината политичка граница. За време на ова напредување на бугарската армија и по неколку воени победи биле ослободени градовите: Брезник на 8 ноември, Драгоман на 10 ноември, и Цариброд на 11 ноември, по што воените дејства се префрлиле и на српска територија.

На 14 ноември по една жестока битка во близина на градот Пирот, и поголем број жртви на двете страни, бугарската армија ги пробила позициите на српската Нишавска армија, по што Србите била принудени да отстапат назад во паника и метеж.

Бугарскиот мајор Аврам Гуџев
Бугарската војска влегува во Пирот

По битката, српската главна Нишавска армија била расцепена на два дела: Шумадиската и Дунавската дивизија се повлекувал кон Књажевац, а Моравската и Дринската дивизија на југозапад. По оваа победа Бугарите влегле во Пирот и го запоседнале, такашто патот кон Ниш им бил отворен.

Додека на јужниот, решавачки фронт, Бугарите напредувале и нанесувале порази на противникот, на северниот фронт бугарските војски давале сериозен отпор на српските напади. Откако го освоиле гр. Кула и го опсадиле гр. Видин од копно, Србите ги насочиле своите трупи кон Белоградчик и с. Арчар-Вибдол на Дунав. На 11 и на 16 ноември околу 6.000 бугарски војници со 31 артилериско орудие и 5 митралеза, од Видинската тврдина, ги одбиле силните напади на околу 15.000 српски војници. На 17 ноември на предлог на српскиот командант ген. Лешјанин, бугарскиот заповедник на Северниот одред кап. Узунов се согласил на примирје. За време на примирјето, на двете страни пристигнале повеќе дипломатски мисии на големите сили со цел да се одредат условите на примирјето и на 9 декември примирјето било потпишано, според кое двете армии требало да се повлечат до крајот на месецот на старите граници [15][16][17][18][19][20][21].

Втор букурешки договор[уреди]

Иван Гешов, преставник на Бугарија во Букурешт
Букурешт

По потпишувањето на примирјето, во Букурешт на 23 јануари 1886 гoдина започнале преговорите со посредство на големите европски сили за потпишување на конечен мир помеѓу Србија и Бугарија. Бугарија била принудена паралелно со преговорите со Србија да води преговори за спогодба и со Османлиската империја за прашањето на Источна Румелија. Според спогодбата со Турција од 20 јануари 1886 година, управувањето над Источна Румелија му се доверувало на бугарскиот кнез во рок од 5 години, по кој рок ако кнезот ги исполнувал своите обрски правилно, ќе биде повторно назначен од страна на султанот, потоа т.н. непокорни села на Родопите и муслиманските села во Крџалиската област се присоединувале кон Османлиската империја и била договорена взаемна помош помеѓу Цариград и Софија во случај на напад од трета страна.

На преговорите во Букурешт, Бугарија била принудена да се откаже од воена оштета и од меѓународно признание на соединувањето на Источна Румелија кон Кнежеството. Бугарија, под притисок на Австро-Унгарија, Германија, Османлиската империја и Италија, се согласила на мир со Србија без никакви територијални отстапки или парична оштета од српска страна.

Мировниот договор бил потпишан на 19 декември 1886 година и содржел само еден член според кој од денот на потпишувањето на договорот се воспоставува состојба на мир помеѓу двете завојувани страни и се враќа предвоената состојба. Веднаш по потпишувањето на овој мир, Србија и Бугарија започнале со демобилизација на своите армии [22][23][24][25][26].

Абдикација[уреди]

Ноќта помеѓу 20 и 21 август 1886 година, бил органиизран заговор со знаење на рускиот цар Александар III и руските министри за надворени работи и војна. Александар I Батенберг бил заробен и бил принуден да абдицира и да ја напушти Бугарија. Била воспоставена револуционерна власт. Меѓутоа, државниот удар и киднапирањето на кнезот немале подршка меѓу бугарскиот народ. Стефан Стамболов организирал контрареволуција, а новиот режим бил соборен. Александар бил поканет да се врати назад во бугарската држава. Но, тој напправил голема грешка. По минувањето на бугарската граница, сакајќи да ја добие подршката на Руското царство, испратил телеграма, во која стоело: Бидејќи Русија ми ја деде мојата круна, подготвен сум да ја вратам во рацете на нејзиниот суверен. Понудата веднаш била прифатена.

Овој чекор на кнезот предизвикал несогласување меѓу бугарските патриоти, кои не сакале да останат во политичка потчинетост кон Санкт Петербург. Александар I Батенберг немал друга алтернатива освен да абдицира. Бил именуван регент и Александар ја напуштил Бугарија.

Семејство[уреди]

Во 1886 година, Александар во Берлин ја побарал раката на пруската принцеза Викторија, но канцеларот Ото фон Бизмарк се спротиставил. Неколку години по абдикација кнезот се раболел. Откако дефинитивно бил одбиен од Берлин и пет години пред својата смрт влегол во брак со актерка од Дармштадскиот театар Јохан Лојзингер. Бидејќи неговата жена немала аристократско потекло, бил принуден да прифати пониската титула - грофот Хартенау. Александар и Јохан имале син и ќерка:

Константин Стоилов е кум на неговиот син Асен и ќерката Цветана. Асен и Цветана умреле без да имаат свои деца. Асен сепак го посинил синот на сопругата Берт Хуса-Рамос од претходниот нејзиниот брак, а како резултат на тоа, тој почнува да се именува како Вилхелм фон Хартенау.

Смрт[уреди]

Александар умрел во Грац, Австрија, на 17 ноември 1893 по неуспешна операција на апендицитис. Неговите останки на 24 ноември биле пренесени во Софија, а на 3 јануари 1898 година биле погребани во неговиот мавзолеј.

Мавзолејот на Александар I Батенберг се наоѓа на булеварот "Васил Левски" № 81 во Софија и има површина 80 m2 и висина 11 m. Изграден е во 1897 година според проект на швајцарскиот архитект Херман Мајер, а внатрешниот ентериер е на познатиот бугарски уметник Харалампи Тачев. Во 1937 година неговата сопруга графицата Хартенау на Главниот бугарски воен музеј му донирала лични предмети и документи на поранешниот кнез Александар I Батенберг, а дел од нив се изложени во мавзолејот. Од 1946 до 1991 година, мавзолејот бил затворен за посетителите по наредба на комунистичката власт. По 1991 година, Министерството за одбрана повторно го отворила мавзолејот за посетители.

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996
  2. http://www.e-psylon.net/dot/index.php?item=article&action=view&article_id=2164
  3. http://bnt.bg/bg/productions/45/edition/7217/nacionalen_kalendar_17_april_2010
  4. http://constitucia.org/?p=181
  5. http://www.duma.bg/cgi-bin/e-cms/vis/vis.pl?s=001&p=0002&n=753&g=
  6. http://vmroyouth.org/node/1022
  7. http://calendar.dir.bg/inner.php?d=5&month=4&year=2010&cid=0&sid=&eid=10768
  8. http://dnes.dir.bg/news.php?id=5174550
  9. Петко Пеев. Нашите водачи — година III, книга 10. София, Наши времена, 1946
  10. Стателова, Ел.; Попов, Р.; Танкова, В. История на българската дипломация 1879-1913 г., Фондация „Отворено общество“, София 1994
  11. Историја на бугарската дипломатија..., 46
  12. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003
  13. 13,0 13,1 13,2 Михајло Миноски, Македонија во билатералните и мултилатерланите договори на балканските држави 1861 - 1913, Скопје, 2000
  14. Историја на бугарската дипломатија..., 64
  15. Слободан Јовановиќ, Српско-бугарската војна. Дискусијата во дипломатска историја, Белград 1901-та
  16. Гојко Павловиќ,Бугарија и Источна Румелија: нивните меѓународни, невладини и правна и политичка положба на 1876-1887 година,, Белград 1907.
  17. Владимир Ќоровиќ,Историја на српскиот народ, Белград 1997.
  18. Владан Ѓорѓевиќ,Историја на српско-бугарската војна во 1885 година, Белград 1908.
  19. Живојин Мишиќ,Моето лично спомени, Белград, 1985.
  20. Историја на Српско-бугарската војна - 1885 г., Софија, 1971
  21. Симеон Радев, Градба на модерна Бугарија, Софија 1990
  22. A.F. Golovin: Fürst Alexander I. von Bulgarien (1879-1886), Verlag C. Fromme, 1896, стр. 390.
  23. Hanswilhelm Haefs: Das goldene Reich der Pamir-bulgaren an Donau und Wardar, BoD – Books on Demand, 2009, стр. 20.
  24. Leo Trotzki: Die Balkankriege 1912-13, Mehring, 1996, стр. 536.
  25. Симеон Радев: Книга шеста. III. Примирието и мирът в Строителите на съвременна България. Том 1, Онлајн версија
  26. Съединението 1885 г., С., 1985, с. 43

Литература[уреди]

  • Стателова, Ел.; Попов, Р.; Танкова, В. История на българската дипломация 1879-1913 г., Фондация „Отворено общество“, София 1994
  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003
  • Михајло Миноски, Македонија во билатералните и мултилатерланите договори на балканските држави 1861 - 1913, Скопје, 2000

Надворешни врски[уреди]


>>> Александар I Батенберг, кнез на Бугарија (29 април18799 септември 1886) >>> Фердинанд I


Бугарски владетели

Старата голема Бугарија (632681 г.)

Канови (ханови): Кубрат | Батбајан

Прва бугарска држава (6811018 г.)

Канови (ханови): Аспарух | Кубер (во Македонија) | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан

Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате)

Царови: Симеон I | Петар I | Борис II |

Втора бугарска држава (11861396 г.)

Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен

Трета бугарска држава (после 1878 г.)

Кнез: Александар Батенберг

Царови: Фердинанд | Борис ІІІ | Симеон ІІ