Георги I (крал на Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Георги I
Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων
King George of Hellenes.jpg
Крал на Елените
На престол 30 март 1863 – 18 март 1913
Претходник Отон
Наследник Константин I
Сопружник Олга Константиновна
Деца
Константин I
Принц Георги
Принцеза Александра
Принц Никола
Принцеза Марија
Принцеза Олга
Принц Андреј
Принц Кристофер
Династија Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
Татко Кристијан IX
Мајка Лујза Хесе
Почивалиште Кралски гробишта, Атина
Потпис

Георги I (грчки: Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων, Geōrgios A',Vasileús tōn Ellēnōn; роден на 24 декември 1845 во Копенхаген– починал на 18 март 1913 во Солун) бил крал на Грција во периодот од 1863 до 1913 година.

По прогонувањето на Отон I, во Грција биле одржани избори. Во март 1864 година бил донесен нов устав, изработен по модел на белгискиот устав. Според него, народот имал висок суверенитет, законодавната власт се состоела од Национално собрание, право на глас имале мажите кои наполниле 21-годишна возраст и имале имот. Извршната власт му припаѓала на кралот, но кралските наредби станувале валидни само по одобрувањето им од ресорниот министер. Во меѓувреме биле водени преговори за избор на нов крал. Круната била нудена на неколку кнезови, но како услов се барало пристап до Јонските Острови на Грција. Така, на грчкиот престол застанал данскиот принц Георг, кој во октомври 1863 година пристигнал во Атина и бил крунисан под името Георги I.

Георги бил првиот крал на Грција од династијата Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург, син на данскиот крал Кристијан IX. Кога данскиот принц застанал на грчкиот престол, тој имал само 17 години. Во 1867 година Георги I се оженил за големата кнегиња Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови. Тие се венчале во 1867 година.

Инаку, како прв монарх на новата грчка династија, владеењето на Георги I од речиси 50 години (најдолга во историјата на современата Грција) се карактеризира со големи територијални придобивки на Грција, која земјата ги добила до започнувањето на Првата Светска војна. Тој бил убиен во Солун, во времето на Првата Балканска војна, од страна на Александрос Схинас, грчки анархист.

Наследник на Георги I бил неговиот син, Константин I.

Наводи[уреди]