Принц Филип (војвода од Единбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Принц Филип
Prince Philip by Allan Warren 1992.jpg
Принцот Филип во 1992 година
На престол 6 февруари 1952 – денес
(&1000000000000006200000062 години и &10000000000000229000000229 дена)
Војвода од Единбург
На престол 20 ноември 1947 – денес
(&1000000000000006600000066 години и &10000000000000307000000307 дена)
Сопружник Елизабета II
Деца
Чарлс
Ана
Принц Ендрју
Едвард
Династија Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
Татко Принц Андреј
Мајка Алиса Батенберг
Потпис Потпис на Принц Филип (војвода од Единбург)
Вероисповед Англикан
претходно. Православие

Принцот Филип (роден на 10 јуни 1921 во Крф[1][3]) е сопруг на моменталната кралица на Обединетото Кралство, Елизабета II.

Филип е син на принцезата Алиса Батенберг и принцот Андреј, кој пак е четврти син на грчкиот крал Георги I и Олга Константиновна. Во текот на Втората светска војна, Филип учествувал во служба на британската морнарица. Тој склучил брак со тогашната принцеза Елизабета во 1947 година. По свадбата ја добил титулата принц Филип, Војвода од Единбург. Една година подоцна се родило и нивното прво дете, принцот Чарлс. Потоа во 1950 година се родила Ана, во 1960 Принц Ендрју и во 1964 Едвард.

Неговата сопруга на британскиот престол се качила во 1952 година, по неочекуваната смрт на Џорџ VI, нејзиниот татко.

Наводи[уреди]

  1. Bell, Lynne (2007), „Queen and Consort: Elizabeth and Philip - 60 Years of Marriage“, Dundurn Press, стр. 83, ISBN 1550027255 
  2. Higham, Charles (1991), „Elizabeth and Philip: The Untold Story“, Sidgwick & Jackson, стр. 73, ISBN 0283998873 
  3. He was born 10 June 1921 according to the Gregorian calendar. However, at that time, Greece was still using the Julian calendar; it did not convert to the Gregorian until 1 March 1923. His birth certificate shows the Julian date of 28 May 1921.[2]