Елизабета Боуз-Лајон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралица Елизабета
Кралицата Мајка
Queen Elizabeth the Queen Mother portrait.jpg
Portrait by Richard Stone, 1986
Queen consort of the United Kingdom
and the British Dominions
На престол 11 декември 1936 –
6 февруари 1952
Крунисување 12 мај 1937
Empress consort of India
На престол 11 декември 1936 –
14 август 1947
Сопружник Џоџ VI
Деца
Елизабета II
Принцеза Маргарет, Контеса од Сноудон
Полно име
Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон [lower-alpha 1]
Династија House of Windsor (by marriage)
Татко Claude Bowes-Lyon, 14th Earl of Strathmore and Kinghorne
Мајка Cecilia Cavendish-Bentinck
Роден(а) 4 август 1900(1900-08-04)
London or Hitchin
Починал(а) 30 март 2002(2002-03-30) (на 101 год.)
Royal Lodge, Виндзор, Беркшир
Почивалиште 9 април 2002
St. George's Chapel, Windsor Castle

Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон (англиски: Elizabeth Angela Marguerite Bowes-Lyon; 4 август 1900 г.-30 март 2002 г.) била жена на кралот Џорџ VI и мајка на кралицата Елизабета II. Таа била кралица на Обединетото Кралство од моментот кога нејзиниот сопруг застанал на тронот во 1936 година па сè до неговата смрт во 1952. По смртта на нејзиниот сопруг таа е позната како Елизабета кралица мајка, за да не дојде до забуна со нејзината ќерка, кралицата Елизабета. Таа била последната владетелка на Индија.

Била родена во британска благородничка фамилија како Елизабета Боуз-Лајон, а кога во 1904 година нејзиниот татко ја наследил титулата гроф таа станала позната како леди Елизабета Боуз-Лајон. Посебно се истакнала по бракот со Алберт, војвода од Јорк, втор син на кралот Џорџ V и кралицата Мери во 1923 година. Како војвотка од Јорк, заедно со нејзиниот сопруг и двете ќерки Елизабета и Маргарет, отелотворила традиционални семејни идеи и државни служби. Многу јавни ангажмани ги презела во свои раце и станала позната како „насмевнатата војвотка“ како резултат на нејзиното јавно изразување.

Во 1936, нејзиниот сопруг ненадејно станал крал кога неговиот брат, Едвард VIII, се повлекол за да се ожени со разведената американка Валис Симпсон. Кралицата Елизабета го придружувала нејзиниот сопруг на дипломатска турнеја во Франција и Северна Америка пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, нејзиниот навидум нескротлив дух овозможил морална поддршка на британската публика. Во признавањето на нејзината улога како средство на британските интереси, Адолф Хитлер ја опишал како „најопасната жена во Европа“.

По војната здравјето на нејзиниот сопруг се влошило и на 51 година таа останала вдовица. Со смртта на нејзината свекрва, кралицата Мери, во 1953 година, живеејќи во странство со нејзиниот зет и нејзината постара ќерка, кралицата, на 27 годишна возраст, Елизабета станала главен член на британското кралско семејство и презела позиција на семеен матријарх. Во нејзините подоцнежни години, постојано била популарен член на фамилијата и покрај тоа што останатите челнови страдале поради неодобрувањата од јавноста. Таа продолжила да води активен јавен живот неколку месеци до нејзината смрт на 101 година, седум недели по смртта на нејзината помлада ќерка, принцезата Маргарет.

Ран живот[уреди]

Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон била најмладата ќерка и деветто од десетте деца на Клод Боуз-Лајон, лорд Гламис (подоцна 14-ти гроф од Стратмор и Кингхор) и неговата сопруга Сесилија Кевендиш-Бентинк. Мајка ѝ била наследничка од британскиот премир Вилијам Кевендиш-Бентинк, трети војвода од Портланд и главниот гувернер на Индија, Ричард Велесли, првиот маркиз Велесли, постар брат на друг премиер, Артур Велесли, првиот војвода од Велингтон. Нејзиното родно место не е со сигурност познато, но се претпоставува дека е родена или во домот на нејзините родители во Вестминстер, палатите Белграв и градините Гросвенор или во кочија на патот до болницата. Други можни локации се куќата Форбс во Хем, Лондон, домот на нејзината баба по мајка, госпоѓата Скот. Нејзиното раѓање било регистрирано во Хитчин (англиски: Hitchin), Британија, близу англиската селка куќа Стратмор, гробот на Св. Пол Валден, кое исто така било дадено како нејзино родно место во пописот следната година.

На 23 сепември 1900 година била крстена во локалнта парохиска црква Сите Светци, а нејзините кумови ја вклучиле и нејзината тетка од страната на татко ѝ, леди Мод Боуз-Лајон и братучеда ѝ, госпоѓата Артур Џејмс. Голем дел од детството го поминала во Св.Пол и замокот Гламис, шкотскиот дом на грофот наследен од неговиот прадедо. Се школувала дома на грчки јазик од делото на Ксенофон „Анабисис“. Најомилени предмети ѝ биле литература и писание. Кога нејзиното образование било под надзор на германско-еврејската гувернанта, Кате Кублер, таа успеала да ги положи локалните испити на Оксфорд на 13 години. На нејзиниот 14-ти роденден, Британија ѝ објавила војна на Германија. Четворица од нејзините браќа служеле во војската. Нејзиниот најстар брат, Фергус, офицер во пешадискиот полк Black Watch, бил убиен кај битката кај Лус во 1915 година. Другиот брат, Мајкл, бил пријавен за исчезнат во акција на 28 април 1917 година. Три недели подоцна семејството открило дека тој бил заробен откако бил ранет. Остатокот од војната го поминал како воен затвореник. Замокот Гламис бил претворен во санаториум за ранети војници во чија обнова потпомогнала Елизабета. Таа била од голема помош во организирањето за спасување на остатоците од замокот за време на голем пожар кој го зафатил замокот на 16 септември 1916 година. Еден од војниците кој таа го лекувала напишал во неговата книга дека таа била жена со „дијаманти обесени на неа која се вози во кочија и живее во најдобрата куќа во земјата.“

Брак со принцот Алберт[уреди]

Главна статија: Свадбата на принцот Алберт, војвода од Јорк и леди Елизабета Боуз-Лајон

Принцот Алберт, „Берти“ за семејството, бил војвода од Јорк и втор син на кралот Џорџ V. Во 1921 година ја запросил Елизабета, но таа го одбила, плашејќи се повторно да не ја изгуби слободата слободно да мисли, зборува и прави она што таа мисли дека треба. Кога Алберт изјавил дека нема да се ожени со друга, неговата мајка, кралицата Мери, го посетила Гламис за да со свои очи ја види девојката која го украла срцето на нејзиниот син. Се уверила дека Елизабета е онаа која ќе го направи Алберт среќен, но сепак решила да не се меша. Во исто време, Елизабета била осудувана од Џејмс Стуарт, кралски слуга на Алберт, сè додека не заминал поради подобро платена работа во американската индустрија за нафта. Во февруари 1922 година, Елизабета била деверуша на свадбата на принцезата Мери, сестра на Алберт, со виконтот Ласкел. Следниот месец, Алберт повторно ја побарал за жена и таа повторно го одбила. Конечно, во јануари 1923 година, Елизабета се согласила да се омажи за него и покрај нејзините сомнежи за кралскиот живот. Слободата на Алберт да се ожени со Елизабета која не била од кралско семејство иако ќерка на благородник, се сметал за гест во корист на политичката модернизација; претходно се очекувало принцевите да се оженат со принцези од други кралски семејства. Се венчале на 26 април 1923 година во вестминстерската опатија. Неочекувано, Елизабета положила букет на гробот на Непознатиот воин во чест на нејзиниот брат Фергус. Таа ја добила титулата ''Нејзиното кралско величество, војвотката од Јорк.''

Елизабета како деверуша на свадбата на принцезата Мари и виконтот Ласкел

По свадбениот појадок во Бакингемската палата подготвен од шефот Габриел Шуми, новата војвотка и нејзиниот сопруг го поминале медениот месец во Polesden Lacey (едвардијанска куќа), стара куќа во Сари а потоа се упатиле во Шкотска каде Елизабета фатила „неромантична“ магарешка кашлица.

Војотката од Јорк[уреди]

По успешната посета во Северна Ирска во јули 1924 година, Лабуристичката партија се согласила Алберт и Елизабета да направат турнеја во Источна Африка од декември 1924 година до април 1925 година. Лабуристичката партија била поразена од Конзервативците на општите избори во ноември (кои Елизабета ги опишала како прекрасни на нејзината мајка) и генералниот гувернер на англо-египетски Судан, Сер Ли Стак, бил убиен три недели подоцна. И покрај ова, турнејата продолжила. Го посетиле Аден, Кенија, Уганда и Судан, но го избенале Египет поради политички тензии. Петелчењето влијаело врз способноста на Алберт убаво да се изразува, но Елизабета му помогнала во терапијата смислена од страна на Лионел Лог, епизода прикажана во филмот од 2012 година ''Говорот на кралот''. Во 1926 година, се родило нивното првото дете, принцезата Елизабета – „Лилибет“ за семејството – која подоцна ќе стане Кралица Елизабета II. Четири години подоцна им се родила втората ќерка, Маргарет Роуз. Во 1927 година Алберт и Елизабета отпатувале во Австралија без нивните деца за да го отворат парламентот во Канбера. Со нејзини зборови „била многу несреќна што го оставила своето бебе“. Патувањето по море ги одвело преку Јамајка, Панамскиот канал и Пацификот; Елизабета постојано била загрижена за нејзиното бебе кое се наоѓало во Британија, но нивното патување било од важност за успехот на јавните односи.

Војводата (десно) и војвотката од Јорк

Ја шармирала публиката во Фиџи кога поздравувајќи се со долга редица официјални гости, куче скитник се појавило на церемонијата па таа се поздравила и со него потресувајќи ја неговата шепа. Во Нов Зеланд фатила настинка па не учествувала на некои средби, но уживала во локалниот риболов во Заливот на островите (англиски: Bay of Islands) придружувана од страна на австралискиот спортски рибар Хери Андреас. На враќање преку Маурициус, Суецкиот канал, Малта и Гиблатар, нивниот превоз, ХМС реноме, се запалил и тие се подготвиле да го напуштат бродот пред огнот да се стави под конрола.

Пристапување и одрекување од тронот на Едвард VIII[уреди]

Главна статија: проблеми при одрекувањето на тронот на Едвард VIII На 20 јануари 1936 година, кралот Џорџ V починал. Братот на Алберт, Едвард, принцот од Велс, станал крал Едвард VIII. Џорџ ги изразил своите сомнежи кон наследникот, велејќи „ Го молам Господ мојот најстар син никогаш да не се ожени и ништо да не застане меѓу Берти, Лилабет и тронот.“ Само по неколку месеци владеење, наметнал уставни кризи инсистирајќи да се ожени со разведената американка Валис Симпсон. Законски Едвард можел да се ожени со госпоѓата Симпсон, но како крал тој бил и на чело на црквата во Англија која во тоа време не дозволувала разведените да се премажуваат. Министрите на Едвард сметале дека народот никогаш нема да ја прифати Симпсон како кралица па затоа сакале да го разубедат Едвард. Како уставна монархија, Едвард бил принуден да го прифати советот на министрите. Наместо да се откаже од своите планови за брак со Симпсон, тој решил да абдицира во корист на неговиот брат Алберт, кој неволно станал цар на негово место на 11 декември 1936 година под владеачкото име Џорџ VI. Џорџ VI и Елизабета биле крунисани за крал и кралица на Велика Британија, Ирска и Британските домниони и цар и царица на Индија на 12 мај 1937 година, ден веќе избран за крунисување на Едвард VIII. Круната на Елизабета била направена од платинум со дијамант Koh-i-Noor. Едвард се оженил со Симпсон и добиле титула војвода и војвотка од Виндзор, но додека Едвард ја имал титулата Кралско Величество, Џорџ VI ја одбил отменоста на војвотката, а добил поддршка и од Елизабета. Подоцна Елизабета се обраќала кон војвотката со изразот „таа жена“ а војвотката кон неа со „куки“ („готвачка“) поради нејзината наводна сличност со дебелите шкотски готвачки.

Кралицата Елизабета[уреди]

Државни посети и кралска турнеја[уреди]

Во летото 1938 година, државната посета на Франција од страна на кралот и кралицата била одложена за три недели поради смртта на мајката на кралицата, леди Стратмор. За две недели Норман Хартнел скроил целосно бели чеизи за кралицата која не можела да носи други бои бидејќи сè уште била во жалост. Посетата била со цел да се зајакне англо-француската солидарност во соочувањето со агресијата од нацистичка Германија. Францускиот печат го пофалил однесувањето и шармот на кралската двојка за време на одложената, но успешна посета, засилени од облеката креирана од Хартнел.

Кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во Торонто, 1939 година

Сепак нацистичката прогресија продолжила, а владата се подготвила за војна. По договорот од Минхен од 1938 година кој бил склучен за да спречи вооружен конфликт, британскиот премиер Невил Чемблер бил поканет во Бекингемската палата со кралот и кралицата за да добијат одобрување од топлата добронамерници. Додека широко популарен меѓу општата јавност, политиката на Чембрел кон Хитлер била предмет на опозицијата во Долниот Дом, што довело историчарот Џон Григ да го опише однесувањето на кралот како „ најнеуставен чин од британски владетел во денешно време“. Сепак историчарите дискутирале дека кралот само некогаш ги следел советите од министрите и постапувал онака како што уставно бил обврзан. Во јуни 1939 година, Елизабета и нејзиниот сопруг ја обиколиле Канада од еден брег до друг и назад, ги посетиле Соединетите Држави, поминувајќи некое време со претседателот Рузвелт во Белата куќа и на неговиот имот во долината Хадсон. Првата дама на Соединетите Држави, Еленор Рузвелт, изјавила дека Елизабета е совршена како кралица, милостива, информирана, го кажува она што треба & љубезно, но кралски. Турнејата била наменета да ја зајакне транс-атлантската поддршка во случај на војна и да го потврди статусот на Канада како независно кралство кое со Британија ја дели истата личност како монарх. Според една често кажана приказна, за време на една најстара и доста честа средба на кралската двојка со народот, ветеран од војната кај Боер ја прашал Елизабета „дали сте вие од Шкотска или од Англија?“. Таа одговорила „јас сум од Канада“. Нејзиниот одговор бил примен со голем ентузијазам од народот во Канада и САД. Елизабета му рекла на канадскиот премиер Вилијам Лион Мекензи Кинг „оваа турнеја нè направи она што сме“.

Втора светска војна[уреди]

Портрет од Сер Жералд Кели.Нејзината круна се наоѓа на левата страна.

За време на тората светска војна кралот и кралицата станале симбол за борбата против фашизмот. Кратко по објавуањето на војната, книгата на кралицата за црвениот крст била смислена. Педесет автори и уметници придонесле за книгата која на предната корица имала портрет на кралицата насликан од Сесил Бетон и бил продаден во корист на Црвениот крст. Елизабета јавно одбила да го напушти Лондон или да ги испрати децата во Канада, дури и за време на бомбардирањето на Обединетото Кралство од страна на Германија, познато како Блиц, кога кабинетот ја советувал да го направи тоа. Таа изјавила „Децата нема да одат без мене. Нема да го напуштам кралот. И кралот никогаш нема да замине.“ Ги посетила војниците, болниците, фабриките и делови од Британија кои биле мета на германскиот Луфтвафе особено во источниот крај, близу лондонските докови. На почетокот нејзината посета предизвикала немири, фрлале ѓубре по неа и народот се потсмевал од една страна затоа што носела скапа облека која ја оддалечила од луѓето кои страдале од сиромаштијата која војната ја предизвикала. Објаснила дека ако ѝ дојдат тие на посета ќе го облечат нивното најдобро парче облека па таа ќе им врати во натура; облеката која Норман Хартнел ја направил за неа била во нежни бои избегнувајќи ја црната со цел да го претстави „виножитото на надеж“. Кога Бакингемската палата доживеала неколку удари за време на бомбадирањето, Елизабета била во можност да го изјави следново „Мило ми е што бевме бомбардирани. Тоа ме натера да почувствувам дека можам да го погледнам источниот крај во лице.“

Еленор Рузвелт, кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во Лондон, 23 октомври 1942 година

Иако кралот и кралицата го поминале работниот ден во Бакингемската палата, делумно поради безбедносни и семејни причини ја поминале ноќта во замокот Виндзор околу 20 милји (32 км) западно од центарот на Лондон заедно со принцезите Елизабета и Маргарет. Палатата изгубила поголем дел од својата армија, а повеќето од собите биле затворени. Прозорците биле уништени од страна на експлозиите па затоа биле заковани. Во текот на „Привидната војна“ на кралицата ѝ била овозможена обука со револвер поради стравување од непосредна инвазија. Се вели дека Адолф Хитлер ја нарекуал Елизабета „најопасната жена во Европа“ бидејќи ја сметал нејзината популарност за закана на германските интереси. Сепак, пред војната и кралицата и кралот , како и повеќето од парламентот и британската јавност го поддржале премиерот Невил Чембрлејн, верувајќи дека по искуството од Првата светска војна оваа ќе се избегне по секоја цена. По оставката на Чембрлејн, кралот побарал Винстон Черчил да формира влада. Иако кралот првично се сомнеал во Черчл и негоите мотиви, со тек на времето и кралот и кралицата покажале голема почит и восхит кон него. На крајот од војната во 1914 година, Черчил бил поканет на балконот, сличен гест како оној кој му бил придеден на Чембрлен.

Повоени години[уреди]

Во 1945 година се одржале британски општи избори на кои Конзервативната партија на Черчил била убедливо поразена од Лабуристичката партија на Климент Атли. Политичките ставови на Елизабета ретко кога се откривале, но во писмото кое таа го напишала во 1947 година ги опишала „големите надежи на Атли за социјалистички рај на земјата“ како надежи кои исчезнуваат и оние кои гласале за него ги опишала како „сиромашни луѓе, полу-образовани и збунети. Ги сакам.“ Вудроу Вајат сметал дека таа е „многу повеќе про-конзерватина“ од другите членови на кралското семејство, но подоцна таа му одговорила „ Ми се допаѓа старата драга Лабуристичка партија“. На војотката од Графтон пак ѝ изјавила „Ги сакам Комунистите“. По шест години работно искуство, во 1951 година Атли бил поразен на британските општи избори, а Черчил се вратил на власт. За време на кралската турнеја во 1947 година во Јужна Африка, спокојното јавно однесување на Елизабета било нарушено, посебно кога излегла од кралскиот автомобил за да нападне со чадор еден од нејзините обожаватели бидејќи погрешно го сфатила неговиот ентузијазам за гостопримство. Во 1948 година кралската турнеја во Австралија и Нов Зеланд била одложена поради влошеното здравје на кралот. Во март 1949 година, имал успешна операција за подобрување на циркулацијата на крвта во десната нога. Летото 1951 година, кралицата Елизабета и нејзините ќерки ги извршиле предвидените ангажмани наместо кралот. Во септември му бил дијагностициран рак на белите дробови. По ресекција на белите дробови, неговото здравје се подобрило, но одложената посета во Австралија и Нов Зеланд била променета така што принцезата Елизабета и нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, се упатиле кај кралот и кралицата во јануари 1952 година. Кралот починал додека принцезата Елизабета и војводата биле во Кенија на пат кон јужната хемисфера и веднаш се вратиле во Лондон, таа како нова кралица со сопругот. Дури во 1954 година ја посетиле Австралија и Нов Зеланд.

Кралицата мајка[уреди]

Вдовство[уреди]

На 6 јануари 1952 година кралот Џорџ VI починал мирно во сон. Нејзиното величество кралицата Елизабета, кралицата мајка било новото звање на кралицата бидејќи вообичаеното звање за вдовицата на еден крал „кралица Елизабета“ би било премногу слично со она на нејзината постара ќерка, кралицата Елизабета II. Таа станала позната како „кралицата мајка“ или „кралицата мама“. Смртта на кралот влијаела многу лошо на кралицата. Се вратила во Шкотска. Сепак по средбата со премиерот, Винстон Черчил, го прекинала пензионирањето и ги продолжила државните обврски. Како кралица мајка имала исто толку обврски како и пред смртта на кралот. Во јули 1953 година ја спровела својата прва посета во странство по погребот кога ја посетила Федерацијата на Родезија и Нјазаланд со принцезата Маргарет. Го поставила камен-темелникот на Универзитетскиот колеџ во Родезија и Нјазаланд – сегашниот Универзитет во Зимбабве. Со враќањето во областа во 1957 година била назначена за претседател на колеџот и присуствуала на други настани кои намерно биле одредени да се повеќерасни. За време на турнејата низ Комонвелт на нејзината ќерка во текот на 1953-54 година, Елизабета имала улога на државен советник и се грижела за својата внука Ана и внукот Чарлс. Вдовицата ја надгледувала обновата на зафрлениот замокот во Меј, Шкотска кој ѝ служел да избега од сè за три недели во август и десет дена во октомври секоја година. Инспирирана од професионалниот јавач Мидмеј изразила интерес за тркачки коњи, особено за џокеј во стипл-чез. Нејзините карактеристични бои од сина со светложолти шарки се забележувале на коњите, како што бил посебниот Карго, победникот на Whitbread Gold Cup од 1984 година и Девон Лоч кој бил на прагот на победата во Големата национална трка на коњи и чиј јавач Дик Френсис подоцна имал успешна кариера како писател на детективки приказни со мотиви од коњски трки. Иако (спротивно од озборувањата) таа никогаш не се обложувала, Кларенс Хаус ѝ овозможувал директен пренос во нејзината резиденција во Лондон па така ги следела трките. Како колекционер на уметнички дела, меѓу останатите, купила дела од Клод Моне, Август Џон и Петар Карл Фаберже. Во февруари 1964 година имала проблем со слепото црево што довело до одложување на планирата турнеја во Австралија, Нов Зеланд и Фиџи сè до 1966 година. Закрепнала за време на крстарењето на Карибите на кралската јахта Британија. Во декември 1966 година и била извршена операција за отстранување на тумор откако ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево. Спротивно од озборувањата, таа немала колостома. Во 1982 година била пренесена во болница кога рибина коска ѝ се заглавила во грлото и ѝ била извршена операција за да ја извадат. Како добар риболовец се пошегувала „ лососот си го чува грбот“. Во 1984 година подлегнала на втора операција за отстрануање на туморот на градата и втора гастрична опструкција во 1986 година без потреба за операција, но била хоспитализирана во текот на ноќта. Во 1975 година го посетила Иран на покана од Чах Реза Пахлави. Британскиот амбасадор и неговата сопруга, Антониј и Чила Парсонс, забележале колку Иранците биле збунети од нејзината навика да зборува со сите без разлика на нивниот статус или важност и се надевале дека придружбата на Чах од оваа посета ќе научи да посветува повеќе внимание на обичните луѓе. Четири години подоцна Чах бил симнат од власт. Помеѓу 1976 и 1984 година кралицата направила годишна летна посета во Франција, една меѓу останатите 22 приватни патувања во континентална Европа помеѓу 1963 година и 1992 година. Пред бракот на леди Дајана Спенсер со нејзиниот внук, принцот Чарлс и по смртта на Дајана, кралицата Елизабета - позната по нејзиниот личен и јавен шарм- била далеку најпопуларниот член од кралското семејство. Нејзиниот заштитен фустан со нагоре свртена шапка со мрежа и фустани со дипли од материјал, станал нејзин препознатлив личен стил.

Стогодишна кралица[уреди]

Во нејзините подоцнежни години, кралицата мајка станала позната по нејзината долговечност. Нејзиниот 90-ти роденден - 4 август 1990 година - бил прославен со парада на 27 јуни во која биле вклучени повеќето од 300 организации на кои таа била покровител. Во 1995 година присуствувала на настани по повод завршувањето на војната и крај на онаа од пред педесет години и имала две операции: една за отстранување катаракта на левото око и една за заменување на десниот колк. Во 1998 година, десниот колк ѝ бил заменет откако за време на посетата на Сандрингамските штали се лизнала и го скршила. Нејзиниот 100-ти роденден бил прославен на повеќе начини: во парадата за прослаување на најважните моменти во нејзиниот живот биле вклучени придонеси од Норман Висдом и Џон Милс; нејзината слика се појавила на комеморативна банкнота од 20 фунти издадена од Кралската банка во Шкотска и присуствувала на ручек во Лондон, каде Џорџ Кери, надбискупот од Кантербери, случајно сакал да се напие од нејзината чаша вино. Веднаш му префрлила: „Таа чаша е моја“ и предизвикала голема смеа. Во ноември 2000 година, ја скршила клучната коска па за да оздрави останала дома за Божиќ и Нова Година. На 1 август 2001 година, кралицата мајка примила трансфузија за анемија откако доживеала блага топлотна исцрпеност иако се чувсвувала доволно добро да се појави надвор од куќата Кларенс на 4 август 2001 година за да го прослави својот 101-ви роденден. Во декември 2001 година, на 101 година, кралицата мајка паднала при што ја повредила карлицата. Сепак, инсистирала да стои на националната химна за време на комеморацијата на нејзиниот сопруг на 6 февруари следната година. Само три дена подоцна нејзината втора ќерка, принцезата Маргарет починала. На 13 февруари 2002 година Елизабета паднала и ја исекла раката во куќата Сандрингам. И покрај овој пад, била решена да присуствува на погребот на Маргарет во Капелата Св. Ѓорѓија, во замокот Виндзор, два дена подоцна таа недела. Кралицата и останатите членови од кралското семејство биле загрижени за патувањето од Норфолк до Видзор со кое кралицата мајка требала да се соочи. Меѓутоа, го издржала патувањето и инсистирала да биде заштитена од печатот така што фотографии од неа во инвалидска количка не биле направени.

Смрт[уреди]

Погребалната кочија на кралицата Елизабета

На 30 март 2002 година во 15:15 часот, кралицата мајка починала во сон во кралската ложа, во големиот парк Виндзор, со преживеаната ќерка, кралицата Елизабета II, во нејзиниот кревет. Последните четири месеци од нејзиниот живот страдала од настинка. Имала 101 година и била член од кралското семејство со најдолг животен век во историјата на Британија. Овој рекорд бил срушен на 24 јули 2003 година од нејзината золва, принцезата Алис, војвотката од Глостер, која починала на 102 години на 29 октомри 2004 година. Елизабета посадила камелии во сите нејзини градини и кога телото ѝ било пренесено од Виндзор во Вестминстерската сала, знамето кое се наоѓало на нејзиниот ковчег било обвиткано со камелиите од нејзините градини. Членови од коњаницата и другите членови од армијата стражареле на сите четири агли на одарот. Во еден момент нејзините четири внука принцот Чарлс, принцот Ендру, принцот Едвард и виконтот Линлеј се замениле со стражарите како знак на почит познат како Бдеење на принцевите- чест направена само еднаш претходно на кралот Џорџ V. На денот на нејзиниот погреб, 9 април, генералниот гувернер на Канада соопштил на својот народ тој ден да ѝ оддадат почит на кралицата. Во Австралија генералниот гувернер искажал жалост на комеморацијата одржана во катедралата Св. Андреј, во Сиднеј. Во Лондон, повеќе од милион луѓе ја исполниле областа надвор од Вестминстерската опатија долж 23 милји (37 километри) од централен Лондон сè до нејзиното последно почивалиште покрај нејзиниот сопруг и помладата ќерка во капелата Св. Ѓорѓија, во замокот Виндзор. На нејзино барање, по погребот венецот кој се наоѓал на нејзиниот ковчег бил поставен на гробот на Непознатиот воин, гест кој таа веќе го имала направено пред 79 години на денот на нејзината свадба.

Јавно восприемање[уреди]

Иако се смета за еден од најобожуваните членови од кралското семејство во последно време кој потпомогна да се стабилизира монархијата како целина, Елизабета била предмет на најразлични критки за време на нејзиниот живот. Кити Кели изјавила дека за време на Втората светска војна Елизабета не се придружувала до рационалните прописи. Ова било негирано од страна на службената евиденција на Еленор Рузвелт која за време на нејзиниот воен престој во Бакингемската палата намерно реагирала на рационално послужената храна во палатата и ограниченото количествона вода дозволено во кадата. Според понатамошни изјави строго негирани од мајорот Колин Барџис, Елизабета користела расистички навреди кои се однесувале на црцните. Кралицата Елизабета не давала никакви јавни коментари за раса, но според Роберт Родос Џејмс, насамо таа „ја презирала расната дискриминација“ и го осудувала апартхејдот.

Бронзената статуа на кралицата Елизабета, кралицата мајка во Лондон издигната пред статуата на нејзиниот сопруг, кралот Џорџ VI

Вудроу Вајат изјавува во неговиот дневник дека при искажувањето на неговиот став дека небелите држави немаат ништо заедничко со „нас“ таа му возвратила „ Јас сум многу заинтересирана за Комонвелтот. Тие се сите како нас“. Сепак, таа не им верувала на Германците; му рекла на Вудроу Вајат „Никогаш не им верувај, никогаш не им верувај“. Можеби имала вакви гледишта бидејќи тоа било нормално за Британците од нејзината генерација и воспитување, кои доживеале две брутални војни со Германците. Во 1987 година кога се дознало дека двете нејзини внуки Кетрин Боуз-Лајон и Нериса Боуз-Лајон биле сместени во психијатриска болница бидејќи биле тешко хендикипирани, кралицата Елизабета била критикувана. Меѓутоа, аристократијата Брук ги наведила сестрите како мртви, наводно бидејќи нивната мајка, Фенела (золва на кралицата мајка) „била“ исклучително расеана кога станувало збор за пополнување на формуларите и можеби не ги пополнила документите сосема точно. Кога претходната година Нериса починала, нејзиниот гроб бил означен со натпис од пластика и сериски број. Кралицата мајка изјавила дека вестите за нивната институтионализација била изненадување за неа.

Наследство[уреди]

Сер Хју Касон изјавил дека таа била како „бран кој удира во карпа, иако мила, убава и шармантна, нејзинана основна особина била цврстината и издржливоста... кога бран удира во карпа, се распрскува и заблескува во брилијантната игра на пена и капки во сонцето, а тоа е доста тешко, цврста карпа, соединета, во нејзиниот случај од строги принципи, физичка храброст и чувство на должност. Петар Устинов ја опишал за време на студенстки демонстрации на Универзитетот во Данди во 1968 година, „Кога пристигнавме на свечениот прием, студентите фрлаа талетни ролни по нас. Го држеа едниот крај и го фрлаа другиот. Кралицата Мајка застана и ги зеде ролните како некој да ги имаше заборавено таму. Им ги врати на студентите и им рече „Дали е ова ваше? Ох, можете да го земете?“ тоа беше нејзината ладнокрвност и нејзиното одбивање кое сите ги шокира и предизвика тотална тишина кај студентите. Инстинктивно знаеше што да прави во такви ситуации. Воопшто не покажуваше нервоза; наводно претпоставуваше дека тоа е од невнимание. Нејзината рекација покажа колку само таа е присебна, со голема шармантност што освојува и ги смирува најматните води.“ Била позната по нејзините досетки. Откако чула дека Едвина Маунтбатен била погребана во морета рекла „ Милата Едвина, таа секогаш сакаше да биде сензација“. На една гала била придружувана од геј писателот Сер Ноел Ковард со кого и ги искачила скалите на кои стоела гардата. Забележуајќи како очите на Ковард веднаш засветкале, промрмела „Да сум на твое место, не би пробала ништо; ги пребројуваат пред да ја напуштат просторијата“. По советот од еден министер од Конзеративната партија во 1970 година да не вработува хомосексуалци, кралицата мајка заклучила дека без нив „ќе треба сами да се служиме“. Иако понекогаш нејзиното семејство не доаѓало кај неа за празниците, таа си имала утеха во подарокот од 20 шишиња Навудохоносора шампањ велејќи „Сама ќе ги „средам“ .“ Емине Санер од весникот „Гардијан“ (англиски:Gardian) изјавува дека со џин и аперитив напладне, црвено вино за ручек, Порто вино и мартини попладне и две чаши шампањ за вечера „таа внесува 70 единици алкохол неделно“. Нејзиниот екстравангантен живот ги забавувал новинарите, особено кога се донзало дека имала мулти-милионерско пречекорување во банката Coutss. Нејзините навики често се пародирале во сатиричната програма ''Spitting Image'' од 1880-тите, која ја претставувала со бирмингемски акцент. Во 2002 година била прикажана во филмот ''Берти и Елизабета'' на Јулија Обри, во 2006 година во филмот ''Кралицата'' на Силвија Симс и во 2010 година во филмот ''Говорот на кралот''на Хелена Бонам Картер, номинирана за оскар за споредна женска улога и освоила награда за најдобра актерка за споредна улога за нејзината изведба. Натали Дормер ја играла улогата на кралицата во филмот W.E режисиран од Мадона и во 2012 година во филмот Хајд Парк во Хадсон е прикажана посетата на Елизабета и Алберт кај Рузвелт. Во овој филм Оливија Колман ја толкува улогата на кралица. На 24 февруари, 2009 година, на комеморацијата на кралот Џорџ VI, била откриена статуата на кралицата Елизабета, кралицата мајка од склупторот Филип Џексон во близина на трговскиот центар во Лондон. Во март 2011 година нејзиниот вкус за музика бил откриен кога детали од нејзината мала музичка колекција чувана во замокот Меј била откриена. Слушала ска музика и нејзината колекција опфаќала музичари како што се Монтана Слим, Тони Хенкок, Ноел Ковард. Меѓу останатото слушала и народна музика како и мјузиклите ''Оклахома!'' и ''Кралот и јас''. Целиот имот го оставила во наследство на нејзината ќерка, Елизабета II, со исклучок на некое поситно наследство за другите членови на семејството. Нејзиниот имот бил проценет на 70 милиони фунти, вклучувајќи слики, јајца Фаберже, накит и коњи. Осум години пред смртта, две третини од парите ги вложила во фондови, за доброто на нејзините правнуци. Нејзините најважни уметнички дела биле пренесени во кралската колекција на Елизабета II.

Титули и почести[уреди]

Главна статија: листа на титули и почести на Елизабета Боуз-

  • 4 август 1900 – 16 февруари 1604: Почитувана Елизабета Боуз-Лајон
  • 16 февруари 1904 – 26 април 1923: Леди Елизабет Боуз-Лајон
  • 26 април 1923 – 11 декември 1936: Нејзиното височество војвотката од Јорк
  • 11 декември 1936 – 6 февруари 1952: Нејзиното величество кралицата
  • 11 декември 1936 – 14 август 1947: Нејзиното владетелство кралицата – императорка
  • 6 февруари 1952 – 30 март 2002: Нејзиното величество кралицата Елизабета, кралицата мајкa

Грб[уреди]

Кралскиот грб на кралицата Елизабета (освен во Шкотска)

Грбот на кралицата Елизабета бил кралскиот грб на Обединетото Кралство. Се состоел од: првата и четвртата четвртина биле претставени од сивата, сината и црвената боја и лав исправен на задните нозе, а втората и третата четвртина од ермелин и три соодветни вертикални линии (кои се користат во хералдиката и вексилологијата); на врвот, надвисната царската круна, придржана од крунисаниот лав од Англија и нескротливиот лав.

Потомци[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Shawcross, p. 8

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „lower-alpha“, но нема соодветна ознака <references group="lower-alpha"/>, или пак недостасува завршно </ref>.