Тервел
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Тервел (уште и Тербел) е владетел, кој управувал со Бугарија од околу 700 до 721 година. Се предпоставува дека бил син на ханот Аспарух.
Неговото управување се карактеризира со активна надворешна политика, а поточно со Византија. Во 705 година императорот Јустинијан II Ринотмет, преку Херсон пребегал кај него. Тервел се согласил да му помогне да се врати на престолот и со 15 000 војска дошол пред ѕидовите на Константинопол. Јустинијан успеал да си ја врати ктуната, а на Тервел му ја дал покраината „Загоре“ и многу скапи дарови и титулата „кесар“ (цезар). Но во 708 Јустинијан решил да си ја врати земјата и се кренал на поход. Двете војски се судриле крај Анхиало, при што бугарите победиле. Во 716 година склучил нов мировен договор со Византија, според кој таа и го признава правото на Бугарија врз Загоре, се задолжува да и плати скапо црвено крзно, обете земи да си ги враќаат бегалците, а стоки да се увезуваат само ако имаат државен печат. Се смета дека релјефот Мадарски коњаник е исечен по негова наредба.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Аспарух | >>> | Тервел, хан на Бугарија (ок.700— 721) | >>> | Кормесиј |
| Бугарски владетели |
|---|
|
Старата голема Бугарија (632 – 681 г.) Канови (ханови): Кубрат | Батбајан Прва бугарска држава (681 – 1018 г.) Канови (ханови): Аспарух | Кубер (во Македонија) | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате) Царови: Симеон I | Петар I | Борис II | Втора бугарска држава (1186 – 1396 г.) Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен Трета бугарска држава (после 1878 г.) Кнез: Александар Батенберг |