Мизија
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За градот Мизија во северна Бугарија, видете Мизија (град).
Мизија (бугарски: Мизия, латински: Moesia, српски: Мезија) е древна провинција на Римската Империја и историски регион во jугоисточниот дел на Европа. Името „Мизија“ доаѓа од тракиското племе Мизи. На jуг, регионот граничи со планинската верига Хемус (Стара планина), на север со Дунав, на запад со реките Дрина и Сава, и на исток со Црно Море. Древна Мизија опфаќа големи делови од територијата на денешните држави Бугарија и Србија.
Современото мислење за Мизија како историска и географска област ги опфаќа само земјите помеѓу реката Дунав, Стара планина и Црно Море. Поголемиот дел од регионот е на териториjата на Бугарија, а наjсеверните делови се во Романија (Северна Добруџа). Денес Мизиjа нема никаков политички или административен статус во Бугариjа. Називот се употребува само во историски контекст.
- Inscriptions of Moesia Superior, University of Belgrade

