Дарданија (Европа)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Дарданија била античка држава на просторите на Балканскиот Полуостров, на подрачјето на денешно Косово, денешна јужна Србија и северозападниот дел на денешна Македонија и денешна источна Албанија. Најголеми населби во тоа време биле Naissus (Ниш), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје) и главниот град Дамастион.

Дарданците биле племе од илирско и тракиско потекло, кои честопати претставувале закана за Македонското кралство. На територијата живееле и Келти.

[уреди] Римска Покраина

Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на I век п.н.е. До крајот на III век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на III век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дакија.

Царот Диоклецијан подоцна (околу 284 година) ја прогласил Дарданија за засебна покраина со главен град Најсус (денешен Ниш во Србија).


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици