Котиски Алпи (римска провинција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Котиски Алпи (латински: Alpes Cottiae) била римска провинција, една од трите мали покранини на Алпите, сместена меѓу денешна Франција и Италија. Името на оваа покраина опстанало се до денес, па и денес постојат така наречени Котиски Алпи. Котиските Алпи граничат со Нарбонска Галија на запад, со Приморските Алпи на југ, со Италија на исток и со Апенинските Алпи на север. Главниот град на покраината бил Сегузиум (денешна Сузана во Италија).

Користена литература[уреди]

Tilmann Bechert: Die Provinzen des römischen Reiches: Einführung und Überblick. von Zabern, Mainz 1999.