Подлес
| Подлес | |
| Координати41°31′42″N 21°49′4″E / 41.52833°N 21.81778°EКоординати: 41°31′42″N 21°49′4″E / 41.52833°N 21.81778°E | |
| Општина | Општина Градско |
| Географски регион | |
| Население | 49 жители жители |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | 669 м m |
| Селска слава | |
| Мреж. место | нема |
Подлес е село во Општина Градско, во околината на градот Велес.[1]
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Под името Подлес во Европа егзистираат четири села (Русија 2, Бугарија 1 и Македонија 1). Во Македонија село Подлес се наоѓа јужно од Велес, односно југозападно од Градско (17 км). Селото е расположено на потоците Ризовец и Карапеовец во подножјето на Ветерско и Шумарот.
Селото е доста богато со вода.Има шест чешми (Маслинките, Долна чешма, Галабова чешма, Беговица, Црквата и Улица). Во околината на селото исто така има повеќе извори и чешми. Од кои попознати се: Калиманска чешма; Празниторба; Даброво; Ливаѓе; Карапеовец; Орловец; Србиница; Вирот; Каракашица; Стан;Папучани и др.
Подлес е типично македонско село од збиен тип. Со новата административна поделба на Република Македонија Подлес влегува во состав на општина Градско, во која уште се и селата: Градско, Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Грнчиште, Двориште , Долно Чичево; Згрополци, Кочилари, Куридере, Ногаевци, Свеќани, Скачинци, Убого и Уланци Соседни села на Подлес се: на запад Крнино, на север Крајници, Двориште, на исток Горно Чичево, Долно Чичево;Крушевица; Сирково; на југ Мрзен Ораовец; Попадија.
Подлес и останатите села од општина Градскорасположени на источните падини на Клепа се дел од засебна етногеографска целина наречена Клепа. Оваа област спаѓа во поширокиот Повардарски етногеографски регион.
За време на Отоманската империја, селата околу планината Клепа биле организирани во истоимена територијално административна единица - нахија Клепа.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Подлес во минатото било едно од поголемите села во општинатаГрадско. Населението се занимавало со земјоделство сточарство и пчеларство. Исто така доста било развиено и мелничарството. Во селото имало колонијална продавница и продавница за текстил.
Во близина на селото се експлоатирал кус временски период и рудник за талк. Исто така кус период постоела и селска земјоделска задруга.
Денес населението се занимава со сточарство и пчеларство.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година, во селото Подлес живеат 49 жители, од кои:
- Македонци 49
[уреди] Општествени институции
- Совет на месната заедница.
- Претседател на Советот на месната заедница Петре Панов
- Црква „Св. Троица“
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
Селска слава дуовден. На овој ден во Подлес даѓаа многу гости од сите соседни села. Во старите добри времиња се организираа игранки на неколку пункта во селото, кои траеја до доцна во ноќта. Осве игранките во претпладневните часови се организираа и фудбалски натпревари. Обично гостуваа фудбалски екипи од Долно Чичево, Сирково и други соседни села. А на овие настани секако им предходеше визитата по куките. На богатите трпези посебно беа присутни мазникот и јагнешкото месо.
[уреди] Личности
Пано Самарџиев; Нико и Глигор Тошески; Наце Здравески; Илија Алексов; Никола Танев; Петруш Левоски.(од Кресненското до Илинденското востание).
Пешо(Петре)Самарџиев син на Пано Самарџиев - Тиквешки војвода, роден е 1877 година. Основно образование завршил во Неготино, а занаетчиско училиште (бравар) во Самоков, Бугарија.Бил член на тајниот револуционерен кружок „Тр. Китанчев“ во Самоков. Во 1900 година влегол во редовите на ВМРО, во прво време како четник, а потоа бил назначен за војвода во Тиквешијата. Бил и претседател на Тиквешкиот околиски револуционерен комитет.Учествувал со Добри Даскалов и на Прилепскиот конгрес на ТМОРО во 1904 година.Загинал 21 јуни 1906 година, во заседа, меѓу с.Копривиштица и с.Клисура, Тиквешко, од врховистите.
Трајко Чундев ( ? - 1949 год.) После првата светска војна се вклучува во редовите на ВМРО. Во текот на втората светска војна бил во служба на окупаторот но јавно не се истакнувал, како и Јордан Чкатров. На 8 септември 1944 година Чундев и Чкатров имаат средба со Ченто и Чучков во манастирот Прохор Пчински (“После долг и опширен разговор тие ја одобрија нашата политика“ - Ченто) По завршување на II Светска Војна, завзема одговорни позиции во НР Македонија. Учествува во комисијата за кодификација на македонскиот јазик. Но во тој период поради неговите тврди ставови во врска со јазикот, паѓа во немилост на тогашните власти, осуден е на смрт и е стрелан.
Иван Скендерот (син на Цанде медарот).
Тодор Димитровски:лингвист, книжевен историчар и теоретичар, преведувач. Роден е на 19 февруари 1922 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Бил претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија (1982-1989). Почесен член на ДПМ.
Милан Тефчев(1922-1945); Тодор Делов (1922-1945); Лазо Данев Ристов (1924-1945) - загинати на Сремскиот фронт во НОВ на Југославија. Славе Делов (1914-1944) - загинат при ослободувањето на Прилеп за време на НОВ на Југославија.
Славе Крстев, Илија Марински и Страшо Ончев(роден во село Горно Чичево) - учители во селското училиште Милан Тевчев.
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Наводи
- ↑ Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 182 стр