Долна Белица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Белица

Поглед на куќи во селото Долна Белица

Долна Белица во рамките на Македонија
Долна Белица
Местоположба на Долна Белица во Македонија
Долна Белица на карта

Карта

Координати 41°12′47″N 20°38′6″E / 41.21306° СГШ; 20.63500° ИГД / 41.21306; 20.63500Координати: 41°12′47″N 20°38′6″E / 41.21306° СГШ; 20.63500° ИГД / 41.21306; 20.63500
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 660 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6334
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26016
Надм. вис. 702 м
Долна Белица на општинската карта

Атарот на Долна Белица во рамките на општината
Долна Белица на Ризницата

Долна Белица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Првото име на Горна Белица било Бела, добиено од белината на реката Беличка Река, што се пени на стрмниот тек.[2]

Со време се појавиле две населби, поради што селата ги добиле имињата Долна и Горна Белица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, недалеку од градот Струга, сместено во Струшкото Поле.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 730 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 7 километри.[3]

Селото се наоѓа во Струшкото Поле, на источното подножјето на планината Јабланица.

Ова големо село се наоѓа во областа Струшки Дримкол, а покрај него поминува Беличка Река. Најблиски села се: Враништа, Заграчани, Велешта и Октиси.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Подпиле, Зад-река, Кодру, Кала Маре, Џамија, Димарзено и Краста.[4]

Долна Белица има збиен тип и е поделено на маала кои се именувани по родови: Томаноско, Укоско, Рочи, Шабаноско и други.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во областа е раширено преданието дека Горна Белица на планината Јабланица и Долна Белица во подножјето на планината биле основани од Власи, кои како номадски сточари престојувале на територија на денешна Албанија, но бидејќи направиле многу штета на околните села, турската власт им наредила да се населат тука.[4]

Тоа било во XVIII век, кога Власите дошле од месноста Змолник во областа Черменик, западно од планината Јабланица. Подоцна дошле Власи и од другите делови на Албанија и северниот дел на Грција.[4]

Легендата кажува дека првин било основано Горна Белица на Јабланица, додека на подрачјето на денешното село Долна Белица им се наоѓале зимските колиби. Подоцна, некои Власи решиле тука да се преселат, па така тие добиле и малку земја за обработување.[4]

Селото уште од неговото основање имало и муслимански Албанци (од денешниот род Рочи и други). Тие работеле како слуги кај богатите Власи. Така, селото постепено растело како влашко-албанско.[4]

Во XIX век, Долна Белица било село во рамките на Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.

Етничката структура во селото нагло била променета по Втората светска војна, кога Власите се иселиле и ги продале своите имоти, а на нивно место се населиле Албанци од другите села во Струшко.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 524,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 63,5 хектари, а на шумите само 3,4 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Жителите главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и одат на печалба.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948692—    
1953712+2.9%
1961659−7.4%
1971687+4.2%
1981808+17.6%
ГодинаНас.±%
1991177−78.1%
1994894+405.1%
20021.026+14.8%
2021660−35.7%

Според податоците од 1873 година, селото имало 109 домаќинства и 28 жители муслимани, 40 Македонци и 212 Власи.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долна Белица имало 700 жители, од кои 650 Власи и 50 Албанци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Белица имало 1.224 Власи, патријаршисти.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долна Белица е претставено како чисто влашко село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Власи и 150 Албанци.[9]

Селото е средно по големина и во 1961 година броело 659 жители, од кои 251 биле Албанци, 50 Македонци, а 349 се означени како други, иако всушност се Власи, додека во 1994 година бројот е зголемен на 894 жители, од кои 779 биле Албанци, 36 Македонци, 36 Власи и 6 Турци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Долна Белица живееле 1.026 жители, од кои 17 Македонци, 945 Албанци, 1 Турчин, 24 Власи, 1 Србин и 38 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 660 жители, од кои 2 Македонци, 604 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 5 Власи, 29 останати и 18 лица без податоци.[11]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долна Белица:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 692
1953 27 207 0 3 471 1 3 712
1961 50 251 1 5 352 659
1971 52 478 5 0 0 152 687
1981 68 627 0 0 91 1 21 808
1991[заб 1] 32 41 1 0 33 1 69 177
1994 36 779 6 0 36 1 36 894
2002 17 945 1 0 24 1 38 1.026
2021 2 604 1 1 5 0 29 18 660

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Долна Белица отсекогаш имало влашко-албански родови:[4]

  • Влашки родови се: Томаноски (5 к.), Укоски (4 к.), Гучески (4 к.), Џангоски (3 к.), Филипоски (3 к.), Пиповски (2 к.), Мареноски (2 к.), Дардански (2 к.), Пржитоски (2 к.), Ќуфовски (2 к.), Попоски (1 к.), Неделкоски (1 к.), Шкаркоски (1 к.), Зоза (1 к.) и Трцовски (1 к.). Овие родови немаат куќна слава. Во родот Укоски се знае следнава генеалогија: Симон (жив на 72 г.) Јаков-Јане-Ѓорѓи, подалечните предци не ги знаат.
  • Албански родови се следниве:
    • Постари родови: Рочи (34 к.), прв албански род во селото доселен во втората половина на XVIII век, потекнуваат од околината на Пешкопеја, од селото Рочи каде што биле слуги кај Власите, во овој род се знае следнава генеалогија: Беџет (жив на 67 г.) -Малиќ-Зенел-Осман-Селим-Бајрам-Бриим-Таир, основач на родот кој се доселил, кој имал три браќа, кои се населиле на три места, едниот во Долна Белица, другиот во Велешта и третиот во Битола; Шабаноски (15 к.), најнапред живееле во соседното Горна Белица, не им се знае потеклото и Салиевски (8 к.), дошле по Шабаноски, но не им се знае потеклото.
    • Понови родови: Велештани (20 к.), Октишани (8 к.), Радолиштани (2 к.), Татешани (2 к.), Добовјанци (2 к.) и Делогождани (2 к.), сите наречени по селата од каде што потекнуваат. Родот Октишани во претходното село биле Торбеши.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Велешта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Долна Белица, се наоѓале и селата Велешта, Враништа, Горно Татеши, Добовјани, Долно Татеши, Ташмаруништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на некогашната општина Враништа, во која влегувале селата Враништа, Долна Белица и Ложани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место место бр. 1871 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 975 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 967 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
Џамии[16]
Реки[18]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се имаат иселено околу сто влашки семејства, кои сега живеат во Струга, Охрид (помал број), Белград и Панчево. Има и неколку целосно иселени родови, како што е родот Цирка, од каде потекнува поранешниот министер на Југославија, Александар Цинцар-Марковиќ. Влашкиот род Беличани (2 к.) живеат во соседното село Враништа. Има и иселени Албанци, како што е родот Белица, кои сега живеат во селото Радолишта.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Јачевска, Сања (5 јуни 2018). „Сафари низ дивите беспаќа на Јабланица“. Нова Македонија. Посетено на 5 ноември 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 101. Посетено на 5 ноември 2018.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 177–180.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.164-155.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 ноември 2018.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 ноември 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 2 октомври 2018.
  14. „Референдум 2018“. Посетено на 5 ноември 2018.[мртва врска]
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. 16,0 16,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Маленкова, Татјана (26 април 2010). „УНИШТЕНА ЦРКВАТА „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ" ВО ДОЛНА БЕЛИЦА“. ТВМ Телевизија. Посетено на 6 ноември 2018.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]