Радожда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Радожда
Radozda.png
Радожда и Охридското Езеро
Радожда во рамките на Македонија
Радожда
Радожда (Македонија)
Координати41°6′14″N 20°37′59″E / 41.10389°N 20.63306°E / 41.10389; 20.63306Координати: 41°6′14″N 20°37′59″E / 41.10389°N 20.63306°E / 41.10389; 20.63306
Општина Општина Струга
Географски регион  
Население  808 жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 725 m
Селска слава  

Радожда е село во Општина Струга.


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Радожда се наоѓа на надморска висина од 725 метри и ја завзема западната положба на Охридското Езеро на десет километри јужно од Струга и на два километри од границата со Албанија.

[уреди] Историja

Селото е старо околу 10 века, но пишуваните докази се од документите на Душановата повелба 1342-1345 година под името Радобужда. Подоцна во Опширниот описен дефтер на Охридскиот санџак од 1583 се појавува под името Радохожда, а во ракописот на Бранислав Нушиќ од 1892 година се нарекува Радоожџа. Селото било формирано во планинските ливади на околу еден километар на запад. Но близината на езерото како важен извор на храна ги натерало селаните да се преселат во приобалата и тука да ја формираат новата населба.

[уреди] Економија

Женска народна носија од Радожда, пред 1930 год.

Во селото засега работи еден погон на фабриката Единство од Струга со околу 30 работници. Други економски единици нема освен 4 продавници на мешовита стока, 2 кафе барови и 7 рибни ресторани, кои се надалеку познати и често посетувани од домашни и странски гости. Населението е претежно занаетчиски ориентирано. Радожданци се познати фасадери и керамичари. Другиот дел од населението работи по фабриките во Струга, а дел во установите во Струга. Досегашниот погон на рибарското стопанство “Летница“ не работи и рибарите нив околу 20 останаа без работа поради одземената концесија пред три години и недоделената досега. До селото води асфалтиран пат кој е изграден пред 20 години, но сега е целосно саниран.

Во непосредна близина на само два километри према Струга се наоѓа автокампот “Ливадиште“, кој е еден од најдобрите автокампови во Македонија, во кој работат неколку жители на Радожда, а према албанската граница се наоѓа туристичката населба “Треска“ која е во стечај и ја има судбината на основачот, фабриката за мебел “Треска“ од Скопје, но сѐ уште е посетувана од многубројни посетители поради незаменливите природни убавини што ги поседува, особено во лето.

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година[1], селото има 808 жители и е со лоша демографска структура, но таа се повеќе се подобрува како резултат на зголемениот прираст. Македонците се доминантно мнозинство во селото, националната струкутура на Радожда е следнава: Вкупен број на жители 808

Во селото се говори на посебен дијалект со свои карактеристики, кој во македонската дијалектологија е познат како вевчанско-радошки дијалект.

[уреди] Општествени институции

Во селото има и осумгодишно училиште со околу 70 ученици кои учат во сите осум одделенија.

[уреди] Администрација и политика

Фреска на Св. Архангел Михаил во истоимената пештерна црква во Радожда. Сликана кон крајот на 13 век. Фреската е со претстава на сцена од циклусот на Архангел Михаил - "Чудото во Хона". Архангел Михаил е претставен во местото Хона, неговото светилиште како отвора низ карпите цепнатина во која ќе се изгубат матните води на паганите упатени кон исцелителниот извор на светецот. Оваа ретка сцена се вбројува меѓу најстарите претстави на "Чудото во Хона" во ѕидното сликарство на целокупната христијанска уметност.

Селото припаѓа на општинскиот центар Струга и се наоѓа во нејзината административна граница. Во селото има месна заедница со совет и претседател на МЗ. Одлуките се донесуваат со акламации, бидејќи се третираат проблеми од комуналната сфера на живеењето кои ги тангираат сите жители. Се чувствува дека на селото му е потребна малку поголемо ангажирање на МЗ, поголема самоиницијатива, анимирање на еколошкото друштво на кое активноста му е замрена иако има полно проблеми кои треба да се решаваат во содејство со целокупното население.

Цркви[1]

[уреди] Културни и природни знаменитости

Радожда е богата со културни и природни знаменитости. Селото има седум цркви од кои централна е селската црква Свети Никола која е изградена во 18 век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од 14 век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.

Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Виа Игнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.

[уреди] Редовни настани

Во селото нема културни настани, туку помасовните настани кои се одржуваат се однесуваат на верските традиционални одбележувања на неколку празници. Тоа се фрлањето на крстот кое се обнови во 1990 година и кое се одржува на брегот на езерото кај црквата Св.Недела. Фрлачот и скокачите по крстот се наоѓаат во кајчиња на околу 50 метри од брегот. По фаќањето на крстот кој е метален и завиткан во бела риза, групата која го фатила заминува низ селото влегувајќи во сите куќи од селото каде се дарувани од населението.

За Велигден на вториот ден се оди со крсти. Целото село е во селската црква од каде тргнува поворката на чие чело се наоѓаат црковни реликвии знаме, икони, крст и се посетуваат црквите Св.Богородица, Св. Илија и другите каде сите застануваат, палат свеќи, се молат, жените си разменуваат вапцани јајца, а мажите се нудат со ракија.

Во очи на 2 aвгуст - Илинден населението се собира кај црквата Св.Илија каде доаѓа попот, крштева вода, го пее лебот кој подоцна жените го раздаваат на присутните. Мажите седат во круг и си ги подаваат пагурчињата со ракија.

На 28.08.е верскиот празник Голема Богородица, кој воедно е и селска слава. На тој ден празнува целото село и доаѓаат гости од останатите струшки села,Струга и Охрид.

[уреди] Личности

Родени во Радожда
  • Слободан Шајноски (р. 9 септември 1954) - македонски правник, универзитетски професор и публицист;

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Наводи

  1. „Струшко архиерејско намесништво“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva/strusko.asp. проверено на 2010-05-17. 
  2. Исторически албум на град Струга, София, 1930, стр. 35.
  3. „НИТКИТЕ НА СУЗАНА“ (на македонски). Агенција за иселеништво на Македонија. 3.12.2008. http://www.makemigration.com/strani/?mainmenu=139&submenu=-2&page=vest&type=static&args=msgid%3D202. проверено на 2011-11-15. 

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици