Раотинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Раотинце
Раотинце се наоѓа во Македонија
Раотинце
Раотинце (Македонија)
Координати 42°03′40″ СГШ 21°08′36″ ИГД / 
Општина Општина Јегуновце
Население 565 жит.
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“
Групна слика на Раотинчани сред село во 1935 година

Раотинце или Ротинце е село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди]

Раотинце се наоѓа во Полошката котлина во подножјето на планината Жеден на 390 метри надморска височина, исто така низ селото поминува реката Вардар со должина на коритото од 3 км.

Историja[уреди]

Раотинце е старо село. Во историските записи за прв пат се споменува во 1461/1462 година од страна на Мухамед-бег кој пријавил во Тетово дека поседува ливада, која се наоѓала во "Рахотинце" која од едната страна граничела со реката Вардар а од другата страна со патот кој води до селото Подбреѓе, Ливадата била голема 70 "плугови"

Втор пишан акт за Раотинце датира од 1470 година, кога извесен Кјебира Мухамед купува нива од "Иван Ротински" споменувајќи пат кој води од Раотинце до Удварце(денешно Дворце)

Некогаш постоел и чифлик во Раотинце но нема записи кој бил сопственик и кога се распаднал.

Селото е населено со чисто македонско население, во 1900 година селото имало 55 христијански домови. Селска слава е "Свети Илија - Илинден" и се празнува на 2-ри Август.

Прва фамилија која се населила на територијата на денешно Раотинце е Матичееј, имаат 8 куќи а куќна слава им е Петковден, старите кажуваат дека фамилијата името го добила по тоа што биле први населени(матица на селото или најстари). Доселеници се Станчески кои пристигнале во селото 1755 година од селата близу Карпалак, истите имаат 6 куќи но повеќето од нив се иселени во странство, 3 семејства во Романија, 1 во Белград, Тетово 5, САД 4, Данска 2. Петковден, Ѓурѓевден и Илинден им се куќни слави. Останати доселеници се: Радичоој, Терзиини, Младеноој и последни од доселениците се Чакоој. Живеат на крајот од селото во сокак кој е именуван по фамилијарното име "Чакој Маало".

Економски развој[уреди]

Во селото постојат неколку фирми меѓу кои најпозната е фиримата за производство на минерална вода "Ротико - Менада". Жителите на Раотинце се занимаваа претежно со одгледување на добиток и производство на млеко, најодгледувани земјоделки култури се: грав, пченка, пченица, компир, пипер, домати и други

Општествени институции[уреди]

Во Раотинце исто така постои основно училиште "Александар Здравковски" до 4-то одделение и истото брои околу 120 ученика(од 1-во до 4-то одд.)

Постои и месна заедница која се состои од членови на советот како и претседател.

Во минатото(1950-1980) имало централно основно училиште(за селото како околните села: Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Подбреѓе и Туденце) во кое настава посетувале ученици од околните села, но со тек на времето зградата попуштила и училиштето денес е вон употреба.

Културни и природни знаменитости[уреди]

Село Раотинце е најбогато село во општина Јегуновце по бројот на цркви, вкупно 4. Од кои за главна црква а воедно и најголема според објектот е Св.Илија - се наоѓа на 50 метри поголема надморска висина од онаа што е на селото. Исто така селските гробишта се наоѓаат во дворот на црквата. Останати цркви се: Св. Недела, Св.Петка и Рамниште. Во 2006 година црквата Св.Петка се реновираше со средства обезбедени од Мирослав Евковски - човек кој е роден во Раотинце а живее во Сооединетите Американски Држави. Оваа црква се наоѓа во полето - Праица, а изградена е на земја во сопственост на Мирослав Евковски, во црквата исто така постои и извор на природна минерална вода, од која жителите на Раотинце ја гасат жетта кога работаат на полето. Од 2006 година па наваму се гради нов објект наменет за црквата Св.Недела кој е изграден веднаш до старата. Црквата е изградена, осветена а во тек е фрескописот кој до 2012 треба да биде комплетиран. До црквата се наоѓа извор на природно минерална вода.

Цркви[1]
Археолошки локалитети
  • Арбино, населба од доцноантичкото време. Западно од селото, покрај поранешното корито на реката Бистрица, при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен матријал

Редовни настани[уреди]

Пoстојат повеќе традиционални настани препознатлив за Раотинце.

Празникот Илинден е најголемиот настан, на тој ден селото е полно со гости од надвор. Исто така на тој ден се одржува и гитаријада единствена во полог. НА овој ден се игра финалето на фудбалскиот турнир кој се одржува секоја година од 2003 па наваму, започнува од 15-ти јули а завршува на 2-ри Август. На турнирот земаат учество екипи од цела тетовска околина, турнирот секоја година брои по 30 екипи учеснички, натпреварите се одржуваат во систем по групи а потоа во нокаут фаза се до финалето. Од 2008 година турнирот се преименува од "Илинеден" во "Бобан Спасовски - Чкобан" во чест на трагично загинатото 16 годишно момче, довчерашен учесник на овој турнир. Учеството е бесплатно а првите три екипи добиваат од организаторот(Младина - Раотинце) пехари и медали, како и благодарници за учество.

Традицијата на христијанскиот народ за фрлање на крстот(Водици) не го одминува Раотинце, старите кажуваат дека овој чин се повторува секоја година уште од турско, во тоа време се фрлал железен крст при што еднаш им се изгубил во реката, па морале да го пребаруваат цело корито. Денеска тој крст се наоѓа во црквата Свети Илија и е заменет со дрвен крст. Дури и низ ерата на комунизмот во поранешна Југославија оваа традиција е негувана и непрекината и покрај сите притисоци од тогашната власт, фрлањето на крстот било тајно, се до 1980/1981 година кога се започнува да се слави Водици со селска гозба народни танци и ора. Денес Водици е еден од најпосетуваните празници во Раотинце.

Третиот голем настан во Раотинце е поврзан со празникот "Светење на Масло". Во минатото според кажувањата на постарите лица а и записи, во Раотинце владеело чума која однела премногу млади животи. Барајќи спас од болеста жителите на Раотинце се обврзале пред бога, еднаш годишно црквата да организира светење на масло како и голема братска - сестринска трпеза на која ќе биде нагостен секој што ќе дојде. Ден денес овој празник сѐ уште се негува во Раотинце, секој што ќе дојде е добредојден.

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“ (на македонски). Архиерејско намесништво Тетово. http://svetapetka.tripod.com/Praznici.html. конс. 28 април 2010. 

Надворешни врски[уреди]