Сарчиево

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сарчиево
Сарчиево се наоѓа во Македонија
Сарчиево
Сарчиево (Македонија)
Координати 41°48′37″ СГШ 22°08′00″ ИГД / 
Општина Општина Штип
Население 21
Поштенски број 032
Надморска височина 335 m
Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg

Сарчиево е село во Општина Штип.


Содржина

Географиja и местоположба [уреди]

Селото Сарчиево е рамничарско место, кое се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, на надморска височина од 335 метри. Селото е оддалечено 15 километри од Штип и се наоѓа во крајниот северен дел на општина Штип. Атарот на Сарчиево зафаќа 9,7 квадратни километри. Притоа, обработливото земјиште опфаќа површина од 532 хектари, а пасиштата зафаќаат 397 хектари.[1]

Историja [уреди]

Економија [уреди]

Демографија [уреди]

Сарчиево отсекогаш био мало село, но неговото население постојано опаѓа, во прв ред, поради миграцијата. Така, според пописот од 1961 година, тоа имало 235 жители, а во 1994 година, населението броело само 54 жители. Според пописот од 2002 година, бројот на жителите уште повеќе опаднал на само 21 жител.[2]

Општествени институции [уреди]

Администрација и политика [уреди]

Културни и природни знаменитости [уреди]

Во селото Сарчиево се наоѓа летната црква "Св. Петка", која е прва и единствена од таков вид во Македонија. Камен-темелникот на црквата бил поставен на 8 август 1956 година, по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнувале од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил формиран нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотоворна. Обновената црква "Св. Петка", заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.[3]

Редовни настани [уреди]

Личности [уреди]

Култура и спорт [уреди]

Сарчиево е познато по тоа што на 8 август 2010 година, селото влегло во Гинисовата книга на рекорди, така што во огромен котел биле зготвени 3 450 литри грав. Сепак, селото го држело Гинисовиот рекорд само кратко време, зашто подоцна, рекордот бил соборен.[4]

Иселеништво [уреди]

Надворешни врски [уреди]

Наводи [уреди]

  1. СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.
  2. СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.
  3. СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.
  4. СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.