Јанковец
| Јанковец | |
| Координати | |
| Регион | Горна Преспа |
| Општина | Општина Ресен |
| Население | 1.169 |
| Надморска височина | 890 |
Јанковец е село во Општина Ресен.
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Селото се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско поле, некогаш 2 км северно, а денес е предградие на Ресен. Јанковец граничи од север со Избишта и Кривени, од исток со Златари, од југ со Ресен и од запад со Болно. Јанковец е рамничарско село на надморска височина од 890 метри.
По средината на рамничарскиот дел тече Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.
Историja [уреди]
Потеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некој си Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.
Економија [уреди]
Во близина на манастирот се наоѓа и ресторанот “Манастир” кој е еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија.
Демографија [уреди]
Во селото според последниот попис живеат 1169 жители од кои:[1]
| Националност | Вкупно |
| македонци | 1149 |
| албанци | 0 |
| турци | 6 |
| роми | 0 |
| власи | 7 |
| срби | 6 |
| бошњаци | 0 |
| други | 1 |
Општествени институции [уреди]
Со своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960 година е подигнато денешното училиште.
- Цркви[2]
- Црква „Св. Јован Крстител“ - главната селска црква, осветена 1866 година;
- Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на околу 1 км источно од селото;
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Црква „Св. Игнатиј Богоносец“ - манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Археолошки локалитети[3]
- Св. Атанасија - средновековна некропола;
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Во селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на Ванчу Икономовски и Теговци.
Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 км источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г.
Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”, кој се претпоставува дека е изграден пред 18 век. Во неговиот склоп постои манастирска црква, бидејќи пред 1866 година други цркви во селото немало.
Редовни настани [уреди]
Празник “Успение на пресвета Богородица” се празнува на 28 август, кога на ова место се собира народ од поблиските села и градот Ресен. Во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско-преспанскиот владика Дионисиј кој бил Грк по потекло.
Личности [уреди]
- Кире Гештаковски (р.1954), Македонски политичар, пратеник на ПСД
- Андреј Кезепов (1880 - 1904), македонски револуционер, кресненски војвода на ВМОРО
- Никола Миљовски (1883 - 1940), македонски револуционер
- Христо Низамов (1903 - ?), американски новинар и деец на МПО
- Димитар Бузлевски (р. 1952) - македонски политичар и поранешен пратеник во македонското Собрание како член на СДСМ
- Трифун Иванов, македонски револуционер.
Култура и спорт [уреди]
ФК Јанковец, оформен 1921 година под името Кралевиќ Марко, за време на Кралството СХС.
Иселеништво [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). „Карта на верски објекти во Македонија“. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069