Локални избори во Македонија (2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Локални избори во Македонија (2009)
Македонија
2005 ←
22 март и 5 април 2009 → 2013

84 општини и град Скопје
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Партија ВМРО ДПМНЕ ДУИ СДСМ
Последни избори 21 14 37
Освоени места 56 15 7
Промена во местата 35 1 30

  Четврта партија Петта партија Шеста партија
 
Партија НД ДПА Независни
Последни избори 2 7
Освоени места 1 1 3
Промена во местата 1 1 4

Локални избори во Македонија во 2009 година — избори кои се оддржале на 22 март 2009 со цел избирање на советници и градоначалници во 84 општини во Република Македонија. Во исто време биле одржани и претседателските избори. Вкупно биле поднесени 364 листи за градоначалници и 702 листи за советници. На нив имало 13.709 кандидати за 1.391 советничко место.[1]

Резултати за градоначалници по општина[уреди | уреди извор]

Карта на резултатите од локалните избори за избор на градоначалник.
Грб Општина Број на гласачи Победник[2] Освоени гласови % на освоени гласови Партија
Скопје 450.731 Коце Трајановски 112.331 61,85%
Аеродром 64.995 Ивица Коневски 19.043 53,18%
Арачиново 8.211 Бастри Бајрами 2.521 50,79%
Берово 11.749 Драги Наџиски 4.833 51,76%
Битола 92.727 Владимир Талески 27.520 61,92%
Богданци 7.301 Ристо Ичков 3.086 59,91%
Боговиње 24.849 Хазби Идризи 5.295 52,82%
Босилово 12.269 Љупчо Колев 4.343 52,58%
Брвеница 14.293 Енвер Пајазити 3.511 51,25%
Бутел 31.392 Петре Латиновски 8.712 54,21%
Валандово 10.314 Николче Чурлиновски 4.135 61,13%
Василево 10.091 Ванчо Стојанов 4.326 59,46%
Вевчани 2.207 Перо Илиевски 866 52,52%
Велес 47.850 Горан Петров 14.575 51,59%
Виница 17.355 Емил Дончев 5.589 52,39%
Вранештица 1.544 Ванчо Србаковски 546 56,99%
Врапчиште 22.732 Бајрам Кадрија 4.791 68,98%
Гази Баба 62.161 Тони Трајковски 18.160 57,16%
Гевгелија 19.719 Иван Франгов 8.078 54,64%
Гостивар 73.030 Руфи Османи 19.534 59,44% независен
Градско 3.240 Глигур Коцев 1.517 72,38%
Дебар 18.041 Аргетим Фида 4.276 54,79%
Дебрца 5.533 Љупчо Којчиноски 1.853 55,50%
Делчево 15.361 Горан Малешевски 6.630 63,05%
Демир Капија 3.498 Трајче Димитриев 1.499 51,27%
Демир Хисар 8.307 Тони Ангелевски 3.581 56,09%
Дојран 2.832 Глигор Чабулев 1.297 54,91%
Долнени 11.159 Абдула Бајрамоски 2.315 33,54%
Другово 2.773 Добре Никоски 1.014 56,15%
Ѓорче Петров 36.039 Сокол Митровски 12.234 62,44%
Желино 20.053 Фатмир Изаири 3.663 53,93%
Зајас 9.689 Бесим Велиу 2.759 86,49%
Зелениково 3.690 Веле Груевски 865 32,38%
Зрновци 2.824 Блаже Станков 1.098 59,93%
Илинден 13.135 Жика Стојановски 5.271 57,86%
Јегуновце 10.900 Тони Коцески 2.226 61,75%
Кавадарци 32.896 Александар Панов 12.353 58,55%
Карбинци 3.479 Васил Богдански 1.398 51,99%
Карпош 53.390 Стевчо Јакимовски 15.330 52,26%
Кисела Вода 51.403 Марјан Ѓорчев 14.620 61,64%
Кичево 26.670 Благоја Деспотовски 8.056 58,96%
Конче 2.818 Стојан Лазарев 1.149 53,27%
Кочани 33.824 Ратко Димитровски 11.332 53,73%
Кратово 8.830 Мите Андоновски 3.191 61,14%
Крива Паланка 17.959 Арсенчо Алексовски 6.284 56,62%
Кривогаштани 5.198 Гоце Дуртаноски 2.319 64,03%
Крушево 8.349 Василчо Дамчески 3.274 53,56%
Куманово 90.778 Зоран Дамјановски 24.691 53,40%
Липково 22.095 Садула Дураку 4.801 54,20%
Лозово 2.226 Орце Цветковски 1.004 55,96%
Маврово и Ростуше 9.216 Мукарем Мемеди 1.113 32,63%
Македонска Каменица 6.811 Дарко Митевски 3.155 66,84%
Македонски Брод 5.928 Милосим Војневски 2.369 53,20% независен
Могила 6.474 Славко Велевски 2.234 56,17%
Неготино 16.023 Пане Трајков 6.366 61,42%
Новаци 3.722 Лазар Котевски 1.540 71,69%
Ново Село 11.636 Петар Спасов 3.571 50,40%
Осломеј 8.517 Фатмир Дехари 2.081 62,68%
Охрид 55.893 Александар Петрески 17.015 50,62%
Петровец 7.159 Борче Митевски 2.681 52,14%
Пехчево 4.573 Јованчо Станоевски 1.987 56,98%
Пласница 4.532 Исмаил Јахоски 1.551 59,33%
Прилеп 67.517 Марјан Ристески 29.266 72,39%
Пробиштип 13.543 Тони Тоневски 6.457 71,31%
Радовиш 23.649 Роберт Велков 7.724 53,22%
Ранковце 3.329 Орце Тодоровски 1.499 66,42%
Ресен 19.141 Михаил Волкановски 5.406 50,08%
Росоман 3.505 Стојанче Лазов 1.498 51,42%
Сарај 27.539 Блерим Беџети 8.352 58,27%
Свети Николе 15.451 Роберт Ѓоргиев 6.304 55,92%
Сопиште 4.433 Јован Ѓорѓијоски 1.703 54,79%
Старо Нагоричане 4.369 Миодраг Јовановиќ 1.619 56,04%
Струга 57.371 Рамиз Мерко 16.050 51,78%
Струмица 48.886 Зоран Заев 21.460 60,14%
Студеничани 13.239 Фати Исени 2.859 40,24%
Теарце 20.997 Исен Асани 4.627 59,83%
Тетово 77.520 Сади Беџети 19.425 51,26%
Центар 43.940 Владимир Тодоровиќ 11.577 52,97%
Центар Жупа 6.062 Мазлум Хасан 1.600 62,02%
Чаир 57.911 Изет Меџити 12.958 63,11%
Чашка 5.760 Горанчо Пановски 1.707 56,49%
Чешиново-Облешево 6.190 Јорданчо Лефков 2.361 51,52%
Чучер-Сандево 6.936 Јован Пејковски 1.229 27,96% независен
Штип 42.611 Зоранчо Алексов 15.118 53,26%
Шуто Оризари 21.961 Елвис Бајрам 4.248 51,43%

Советнички места[уреди | уреди извор]

Освоени советнички места
Политичка партија Бр. на советници
ВМРО-ДПМНЕ
  
460
СДСМ
  
282
ДУИ
  
179
Независни советници
  
62
НД
  
61
ДПА
  
52
ВМРО-НП
  
42
ЛДП
  
29
НСДП
  
20
ПОДЕМ
  
18
ДПТМ
  
16
ПЕИ
  
10

Реакции по изборите[уреди | уреди извор]

Политичар Изјава
Никола Груевски „По вторпат за само 14 дена Македонија победи, демонстрирајќи капацитет, волја и способност за организирање мирни, фер и демократски избори. Поддршката што ја доби ВМРО-ДПМНЕ треба да се искористи за да се унапреди меѓуетничкиот соживот во Македонија. 2009 година ќе биде тешка година, но владата ќе се бори со сите сили да се надмине економската криза.“
Зоран Заев „На моите колеги, новоизбрани градоначалници им посакувам успешна работа. Посебно им честитам на новоизбраните градоначалници од Карпош, Охрид, Ново Село, Македонски Брод и Чучер-Сандево кои и покрај силните притисоци и закани од власта успеаја да се изборат за победа. Апсолутно целата власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ па оттаму и одговорноста лежи кај нив, СДСМ оди понатаму!“
Али Ахмети „ДУИ е победник на овие избори. Договорот со ВМРО-ДПМНЕ се случи за институциите да не влезат во криза. Анализите сѐ уште не се завршени, но сепак доколку победевме и во Тетово и во Гостивар ќе ме обвиневте за тоталитарен режим.“
ОБСЕ „Изборите поминаа во тивка и мирна атмосфера. Во двата круга, немаше известување за насилство и сериозни инциденти; напнатоста беше забележлива само на неколку места. Во првиот круг, оценката беше понегативна за избирачките места кои се наоѓаат во општини со претежно етнички албанско население отколку во останатите делови од државата. Беа забележани одредени спорни прашања во однос на транспарентноста во текот на утврдувањето на резултатите во двата круга кои главно се однесуваа на можноста набљудувачите да го следат внесувањето на податоците за резултатите.“

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]