Коце Трајановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коце Трајановски
Koce Trajanovski cropp.jpg

Во служба
2009[1] – во служба
Претходник Трифун Костовски

Во служба
2005 – 2009
Лични податоци
Роден(а) 1956
Скопје
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Коце Трајановски (1956) е македонски политичар и моментален Градоначалник на Град Скопје и поранешен градоначалник на скопската општина Гази Баба.[2]. Тој е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Биографија[уреди]

Коце Трајановски е роден 1956 година во Скопје. Дипломирал на Машинскиот Факултет во Скопје, 1980 год.[3] Од 1981 - 1996, работи во МЗТ – Хепос, вршејќи ја функцијата раководител на компјутерскиот центар. Во периодот 1996 - 1998 ја основа и ја води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи.[4]

Во 1998 тој е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, како кандидат на мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица бр. 65. Во 2002 повторно е избран за пратеник Собранието на Република Македонија, во Изборната единица бр. 2, на пропорционалната листа на ВМРО ДПМНЕ.[5]

Во рамките на овој мандат, е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ[6], во Собранието на Република Македонија. На локалните избори во Република Македонија одржани во 2005 е избран за градоначалник на општина Гази Баба. На локалните избори во Република Македонија одржани во 2009 год. Коце Трајановски победува како Градоначалник на Град Скопје[7]

Наводи[уреди]