Ристо Пенов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Пенов
Градоначалник на Град Скопје
На должноста
1996 – 2005
Претходник Јове Кекеновски
Наследник Трифун Костовски
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
2006 – 2011
Лични податоци
Роден(а) 28 септември 1957
Велес, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ЛДП
Сопружник Нада
Деца 2
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Професија економист
Вероисповед православен христијанин

Ристо Пенов (роден на 28 септември 1957 година во Велес) — македонски стопанственик, политичар и општественик.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Ристо Пенов е роден на 28 септември 1957 година во Велес. Средно образование завршил во Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во 1975 година, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1979 година и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.

Работен век[уреди | уреди извор]

Ристо Пенов со својот професионален ангажман започнал во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев. Бил раководител во претпријатието „Ангрокожа“ (1990-1993).

Во политичкиот ангажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното соединување со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (19 април 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либерално-демократската партија (пролетта 1999 – 11 февруари 2007).

Во 1996 година на Локалните избори бил избран за Градоначалник на Град Скопје, а вториот мандат го добил на Локалните избори во 2000 година. По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов бил во два мандати пратеник во Собранието на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пенов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1132. Text "series " ignored (help)