Демократска партија на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Да не се поистоветува со Демократска партија

Демократска партија на Македонија
ДПМ
Идеологијадемократија
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Демократска партија на Македонија (ДПМ) — поранешна политичка партија од Република Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1994 каде што добила 1,5% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 1% во вториот круг. На овие избори партијата освоила едно пратеничко место[1] (Томислав Стојановски).[2] На парламентарните избори во 1998 година партијата настапила во коалиција со Либерално-демократската партија. Коалицијата освоила четири пратенички места, сите припаднале на ЛДП.[1]

Партијата самостојно учествувала на следните парламентарни избори во 2002, но освоила 0,2% од гласовите без пратеничко место. По овие избори партијата не учествувала во ниеден нареден изборен циклус.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]