Александар Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Петрески
Градоначалник на Охрид
На должноста
2005 – 2013
Претходник Никола Наумов
Наследник Никола Бакрачески
Лични податоци
Роден(а) 11 ноември 1964
Струга
Националност Македонец
Партија СДСМ
Професија Сообраќаен инженер
Вероисповед Православен христијанин

Александар Петрески (роден на 11 ноември 1964 во Струга),[1] завршил основно и средно образование во Охрид.[1] Исто така завршил факултетско образование на битолскот универзитет „Св. Климент Охридски“ - Електротехнички факултет, каде се здобива со статус дипломиран сообраќаен инженер.[1]

Во 1999 година тој основа приватна фирма во која е ангажиран сè до 2003 година.[1] Од 2003 до 2005 година тој е првиот човек на општинското јавно претпријатие „Охридски комуналец“ - Охрид.[1] На локалните избори во 2005 година, ја добива довербата на граѓаните на Охрид и станува градоначалник на Општина Охрид.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Биографија за градоначалникот на Охрид“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-02-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]