Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија
Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Народна Партија ВМРО-НП |
|
| Лидер | Љубчо Георгиевски |
|---|---|
| Основана | 4 јули 2004 |
| Идеологија | конзерватизам[се бара извор], демократија, бугарофилија[1][2] |
| Веб место | |
| www.vmro-np.org.mk | |
ВМРО - Народна партија (ВМРО-НП) е конзервативна политичка партија во Република Македонија. Формирана е на 4 јули 2004 година во Скопје од приврзаниците на Љубчо Георгиевски, кој се отцепи од ВМРО ДПМНЕ по неуспешниот обид да го преземе раководството на партијата од Никола Груевски. При формирањето на Партијата за вршител на должноста претседател на партијата беше избрана релативно непознатата Весна Јаневска, додека Љубчо Георгиевски се сметаше за неформален лидер на Партијата. На Првиот конгрес на ВМРО-НП на 22 април 2007 година за претседател е избран Ѓорѓи Трендафилов.
На парламентарните избори во 2006 година ВМРО-НП настапи самостојно, освојувајќи 6,1% од гласовите и 6 мандати во Македонското собрание. ВМРО-НП не е дел од владината коалиција, но гласаше за владата на Никола Груевски со цел да го спречи влегувањето на Демократската унија за интеграција во владата.
Во 2007 година партијата почна да доживува внатрешна криза. На 1 март нејзиниот пратеник Ѓорѓи Оровчанец објави дека ја напушта партијата, а по изборот на Трендафилов на чело на ВМРО-НП и неговата најава дека ќе бара повеќе за возврат на поддршката на владата, поранешната в.д. претседателка на партијата Јаневска почна јавно да го искажува своето незадоволство кон партиското раководство. Тоа на 27 јули резултираше со исклучување од партијата на Весна Јаневска и Валентина Божиновска, по што тие станаа независни пратенички.
На Собраниските избори во 2008 ВМРО-НП воопшто не излезе со свои списоци на пратеници.
На 27.12.2008 година ВМРО - Народна партија одржа Централен комитет на кој од членство беше исклучен Ѓорги Трендафилов. Централниот комитет на ВМРО - Народна партија на истата седница го избра м-р Марјан Додовски за в.д. претседател на партијата.
Во 2009 година на редовните локални и претседателски избори ВМРО - Народна партија настапи самостојно во 40 општини и градот Скопје, или на помалку од половината на територијата на Република МАкедонија. Со освоените 43.000 гласа, ВМРО-Народна партија беше изненадувањето на овие избори и како политичка партија се етаблира за ТРЕТ ПАРТИСКИ СУБЈЕКТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК. За разлика од останатите учесници во политичкиот процес како политичка партија која не настапи на минатогодишните предвремени парламентарни избори, во услови на медиумска и политичка блокада, како партија во процес на реорганизација, со најскромно водена кампања, достоинствено успеа јасно да се позиционира како трета политичка партија со силна тенденција на следните парламентарни избори ВМРО-Народна партија да ја има клучната улога на македонската политичка сцена.
На 23 Октомври, денот на ВМРО, ВМРО - Народна партија го одржа својот 14-ти Конгрес. На Конгресот, со акламација, за претседател на ВМРО - Народна партија беше избран м-р Марјан Додовски .
Кон крајот на 2009 година ВМРО - Народна партија покрена иницијатива за промена на грбот на Република Македонија. Предлогот беше земскиот грб од 1620 година, златно - жолт лав на црвена позадина на црвена основа.
На 14.03.2010 година ВМРО - Народна партија одржа Централен комитет во Охрид на кој беше избран новиот Извршен комитет на партијата.
На 20.03.2011 година беше одржана годишна конференција на ВМРО - Народна партија во Скопје во преполната сала на МНТ.
[уреди] Цели на партијата
ВМРО-НП ги истакнува следните цели на своето политичко делување:
- Слобода, солидарност и правда
- Создавање на единство во слобода и одговорност
- Еднаквост и партнерство помеѓу мажот и жената
- Семејството - столб на општеството
- Младите - иднината на нашата држава
- Почитување на искуството на возрасните граѓани
- Нашата култура - израз на националниот идентитет и отвореност
- Модерно и квалитетно образование
- Медиумите - израз на слободата и одговорноста
- Развој на принципите на слободната пазарна економија
- Подобрување на конкурентноста на Македoнија како земјоделски и индустриски потенцијал
- Осигурување на социјална правда и реструктуирање на социјалната држава
- Консолидација на демократијата
- Заштита на социјалната држава и владеењето на правото
- Борба против корупцијата
- Живеење на заеднички живот со луѓе од различни националности.