Зоран Заев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зоран Заев
Zoran Zaev.jpg
Роден 8 октомври 1974
Струмица, СФРЈ денешна Република Македонија
Занимање политичар


Зоран Заев (роден на 8 октомври 1974 во Струмица) е македонски политичар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Струмица.

Детски години

Зоран Заев е роден во 1974 година во Струмица.

Образование

Oсновно и средно образование има завршено во Струмица. Дипломирал на Економскиот Факултет во Скопје во 1997 година и е постдипломец на студиите по Монетарна економија и финансии, на Економскиот факултет во Скопје.

Професионална кариера

Политичка активност

Зоран Заев e член на СДСМ од 1996 година. Во два мандата бил член на Претседателството на ОО СДСМ во Струмица. Од ноември 2002 година станал член на ЦО СДСМ. На 17 јули 2008 година, поради можност за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар Глобал бил уапсен заедно со уште петмина негови “соработници“[1]. Случајот се завршил по аболицијата потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со кое Зоран Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода[2].

На 1 септември 2008 година станал вршител на должноста претседател на СДСМ[3], а официјално неговата партија го избрала на оваа функција на 18 септември 2008 година по одржаниот конгрес на партијата. На Локалните избори во 2009 година, Зоран Заев бил по втор пат реизбран за градоначалник на Општина Струмица [4]. По завршувањето на претседателскиот мандат на Бранко Црвенковски во 2009 година, и по неговото враќање на чело на СДСМ[5], функцијата в.д. претседател на СДСМ на Зоран Заев официјално престанала. Во моментот, Зоран Заев е претседател на СДСМ.

Наводи

Надворешни врски