Бизнис

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Бизнис е легална организација усмерена кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот.Бизнисот доминира во капиталистичкото општество,највеќе како приватна сопственост на поедино лице или некоја друга форма на здружување,која има за цел остварување на профит,кој би го зголемил богатството на сопственикот и би го зголемил обемот на самиот бизнис. Сопствениците и операторите за да успеат во некој бизнис мора да бидат претпазливи со капиталот што го располагаат,состојбата на пазарот,како и да преземат ризик доколку тоа е неопходно. Социјалистичкиот систем функционираше така што целиот бизнис во државата беше раководен од владата,или беше во јавна сопственост,односно во раце на работниците.