Ѓорге Иванов
Портрет на Ѓорге Иванов. |
|
|
|
|
| Во служба | |
| На функција од 12 мај 2009 |
|
| Претходник | Бранко Црвенковски |
|---|---|
|
|
|
| Роден | 2 мај 1960 Валандово, Македонија |
| Сопружник | Маја Иванова |
| Професија | дипломиран правник |
| Религија | православен христијанин |
| Потпис | |
| Претседатели на Македонија | |
Д-р Ѓорге Иванов (2 мај 1960, Валандово) е претседател на Македонија, избран на претседателските избори во април 2009 г., поддржан од ВМРО-ДПМНЕ[1]. На функцијата стапи на 12 мај 2009 г. претходно професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.
Содржина |
Биографија [уреди]
Ѓорге Иванов е професор по политички науки 1995 е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка философија. Една година подоцна е избран за визитинг професор на постдипломските студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Атина. Од 2000 година е член на Советот на директори на европските постдипломски студии за демократија и човекови права на Универзитетот во Болоња и координатор на курсот за демократија, што се изведува на Универзитетот во Сараево. Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 е избран за вонреден професор. Во 2008 е избран за редовен професор. Од 2004 до 2008 е продекан на Правниот факултет. Од 2008 година претседател е на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија. Иванов досега бил раководител на проектите:
- Tempus JEP-41035-2006
- Master Programme in EU Institutions and Policies, Master Programme in Political Management
- Tempus IV ETF-JP-00442-2008 - Example of Excellence in Joint (Degree) Programme Development in South-Eastern-Europe
Има објавувано трудови во повеќе британски, американски и германски стручни и еминентни списанија[се бара извор].
Книги [уреди]
- „Цивилно општество“
- „Демократијата во поделените општества: македонскиот модел“
- „Современи политички теории“ (во коавторство со Љубомир Д. Фрчкоски)
- „Политички теории - Антика“ (во коавторство со Светомир Шкариќ) [2]
Извори [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Бранко Црвенковски |
Претседател на Македонија 2009 – |
Наследник Во служба |
|
|||||||||||

