Алексис Ципрас

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алексис Ципрас
Αλέξης Τσίπρας


Пратеник
Alexis Tsipras Komotini cropped.jpg

Претседател на Синаспизмос
Во служба
Стапил
9 февруари 2008
Претходник Алекос Алванос
Лични податоци
Роден(а) 28 јули 1974 (1974-07-28) (39 г.)
Атина, Грција[1]
Националност Грк
Партија Синаспизмос,

СИРИЗА (коалиција)

Образование Технички универзитет
Струка Градежен инжинер

Алексис Ципрас (грчки: Αλέξης Τσίπρας) (роден на 28 јули 1974 во Атина[1]) е грчки политичар, член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА[2][3].

По потекло, мајка му е од Правишта.[4] Студирал градежништвото во Националниот технички универзитет од Атина. По дипломирањето во 2000 година, завршил и постдипломските студии. По ова, тој започнал да работи како градежен инженер во градежната индустрија. Тој напишал неколку студии и проекти на тема на градот Атина.[5][6][7]

Тој се приклучил на Комунистичката младина на Грција во доцните 80-ти. Во почетокот на 90-тите години, тој бил политички актист, главно насочено против контроверзниот закон на тогашниот министер Василис Контогијанопулос. Тој станал познат како застапник на ученичко движење. По заминувањето на Комунистичката партија на Грција од Синаспизмос, Ципрас останал во партијата. Како секретар на Младински Синаспизмос тој зел активно учество во процесот на создавањето на грчкиот социјален форум и бил присутен на сите меѓународни протести и маршеви против неолибералната глобализација. Во декември 2004 година, на Четвртиот конгрес на Синаспизмос, тој бил избран за член на централниот коитет, каде бил одговорен за образовни и младински прашања[5].

Кога тој бил избран за претседател на Синаспизмос тој имал само 33 години, со што станал најмладиот шеф на една грчка парламентарна политичка партија.

Во 2009 година, на Парламентарните избори бил избран за член на парламентот на Грција за изборна единица во Атина, а од страна на СИРИЗА бил избран едногласно како шеф на парламентарната група.[2][3]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Αλέξιος Παύλου Τσίπρας : ΠΡΟΕΔΡΟΣ ΤΗΣ Κ.Ο. ΤΟΥ ΣΥΝΑΣΠΙΣΜΟΥ ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΙΚΗΣ ΑΡΙΣΤΕΡΑΣ ΒΟΥΛΕΥΤΗΣ Α' ΑΘΗΝΩΝ“ (на Greek). Hellenic Parliament. http://www.hellenicparliament.gr/Vouleftes/Viografika-Stoicheia/?MPId=b57035f7-43e4-48e9-a541-b9d153eb5eab. конс. 16 октомври 2010. 
  2. 2,0 2,1 Ανανέωση αλλά και ηχηρές απουσίες στη νέα Βουλή“, „ANA-MPA“, ana-mpa.gr, 6 октомври 2009 (конс. 9 октомври 2009). (на Greek)
  3. 3,0 3,1 Alexis Tsipras to head SYRIZA Parliamentary group“, „Athina 9.84 Municipal Radio“, athina984.gr, 8 октомври 2009 (конс. 9 октомври 2009).
  4. Apostolidis, Tasos. „Αλέξης Τσίπρας: «Καβαλιώτης» και μόλις 33 Μαΐων το φαβορί για την ηγεσία του ΣΥΝ“, „KavalaNet“, kavalanet.gr, 28 ноември 2007 (конс. 22 мај 2009). (на Greek)
  5. 5,0 5,1 „Alexis Tsipras“. „Synaspismos“. syn.gr. http://www.syn.gr/en/tsipras_alexis.htm. конс. 22 мај 2009. 
  6. „Σχόλιο Γραφείου Τύπου του ΣΥΝ για τις προσωπικές επιθέσεις εναντίον του Προέδρου του ΣΥΝ - Επισύναψη επιστολών“ (на Greek). syn.gr. 21 ноември 2008. http://www.syn.gr/gr/keimeno.php?id=12438. конс. 16 октомври 2010. 
  7. „Αλέξης Τσίπρας“ (на Greek). enet.gr. 9 октомври 2009. http://www.enet.gr/?i=news.el.article&id=89175. конс. 16 октомври 2010.