Партија на обединети демократи на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Партија на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ)
Podem logo.jpg
Лидер Живко Јанкуловски
Веб место
http://www.podem.org.mk

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) е вонпарламентарна политичка партија во Македонија.

Идејата за основање на партијата се лоцира во почетокот на јуни 2008 година, а се оствари на Основачкото собрание на партијата, што се одржа на Петровден, на 12 јули 2008 година во Прилеп.

Веднаш по Основачкото собрание, само за 1 ден беа собрани 1.007 писмени изјави на основачи на ПОДЕМ, со што беше задоволен законскиот минимум за регистрирање на политичка партија од 1000 основачи – полнолетни граѓани на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за политички партии. Врз основа на ова и на другите неопходни документи, на 29 јули 2008 година ПОДЕМ стекна својство на правно лице.

На 2 август 2008 година, во чест на најголемиот македонски празник Илинден и прославата на 10 дена Крушевска Република, во Крушево е формирана првата Општинска организација на Партијата. Симболиката на денот на формирањето на првата Општинска организација на ПОДЕМ - токму на Илинден и токму во Крушево, го отсликува духот на партијата.

Партиски определби[уреди]

Програмата на ПОДЕМ нуди негување на социјалните добра, културните вредности и придобивки на Македонија, фокусирајќи се на развојот и реализирањето на слободата на индивидуата, развојот на општеството, економскиот раст и благосостојба.

ПОДЕМ нуди една нова политичка практика: да комуницира визија за подобро утре, да развива и нуди капацитети за решенија, да ги отвори своите врати за соработка.

Еднаквоста, слободата, солидарноста, правдата, човековите права и слободи, како вредносни компоненти на демократијата, ја сочинуваат основната вредносна профилираност на ПОДЕМ. Затоа ПОДЕМ своите политички и човечки капацитети ги става во функција на реафирмирање на хуманите вредности, на зајакнување на партиципативното и демократско општество, на промоцијата, заштитата и реализацијата на социјалните потреби и интереси на сите граѓани на Македонија. ПОДЕМ е против било каква поделба на граѓаните на Република Македонија и се стреми кон градење на вистинско мултикултурно и мултиетничко општество во унитарна Македонија.

ПОДЕМ е обединет и околу социјалната димензија на одговорноста, солидарноста, еднаквоста и сигурноста на граѓаните во пристапот до општествените добра. Неговиот стремеж е да изгради држава која ќе понуди најдобар квалитет на животот за секого, независно од социјалната, економската или културната припадност; се залага за држава која ќе се темели на афирмирање на трудот и творештвото и на резултатите од нив, за држава и власт која ќе ја почитува улогата на капиталот, но и ќе се грижи за неопходната стапка на солидарност со обесправените во општеството.