Зоран Коњановски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Зоран Коњановски 
Министер


Во служба
28 јули 2008 – во служба
Претседател Никола Груевски
Претходник Лазар Еленовски
Наследник нема

Во служба
26 август 2006 – 1 јуни 2007
Претходник Ризван Сулејмани
Наследник Абдураман Мемети

Роден(а) 3 март 1967
Битола, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Јасмина
Деца Горазд и Дамјан
Вероисповед Православен христијанин

Зоран Коњановски, министер за одбрана на Република Македонија од 28 јули 2008 година, поранешен министер за локална самоуправа, е роден на 3 март 1967 година во Битола. Активист на ВМРО-ДПМНЕ е од 1993 година. Извршувал повеќе функции во битолскиот општински комитет на партијата, а од 2005 е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дипломирал на Машинскиот Факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола во 1992 година. Од јуни 1999 година до 2005 година е вработен во ЈП Стрежево - Битола како одговорен инженер за одржување на хидромеханичка опрема. Коњановски за претседател на Советот на општина Битола е избран во 2005 година и таа функција ја извршува до 2006 година, кога на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во периодот 2007 и 2008 година ја извршува функцијата Генерален директор на подружница РЕК Битола.

Зоран Коњановски учествувал на многубројни меѓународни и домашни конференции, форуми, семинари и обуки.

Зоран Коњановски е оженет со Јасмина со која имаат две деца, Горазд и Дамјан.


Лого на Министерството за одбрана на Република Македонија Министри за одбрана на Република Македонија

Дамјановски | Гоцевски | Поповски | Ханџиски | Китаноски | Кљусев| | Пауновски | Бучковски | Манасиевски | Еленовски | Коњановски | Бесими |

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици