Љубе Бошкоски
| Љубе Бошкоски | |
|---|---|
| 24 октомври, 1960 - денес | |
| Прекар: | Брат Љубе |
| Роден во: | |
| Служба во: | |
| Период на служба: | 1998 - 2002 |
| Чин: | Министер за внатрешни работи на Република Македонија |
| Командува/л со: | Тигри Лавови |
| Битки/војни: | Вооружен конфликт од 2001 |
| Други занимања: | угостителство |
Љубе Бошкоски, познат и како „Брат Љубе“ (роден на 24 октомври 1960 во с. Челопек, Тетовско) е македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи.
Содржина |
[уреди] Образование
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работи како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во Ровињ - Хрватска.
[уреди] Политичка кариера
По парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, бил именуван за заменик на Директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. На 31 јануари 2001 година, бил именуван за Државен секретар во МВР. Од 15 мај 2001 година во широката владина коалиција бил назначен за Министер за внатрешни работи на Република Македонија.
По парламентарните избори на 15 септември 2002 година, бил разрешен од функцијата Министер и станал пратеник во Собранието на Република Македонија. Во април 2004 година Бошкоски со собрани 10.000 потписи се кандидирал на претседателските избори, но од страна на Државната изборна комисија неговата кандидатура била отфрлена заради неисполнување на условот за 15 години непрекинато живеење во Република Македонија.
Во 2008 година, односно по враќањето на Бошковски од Шевенинген, тој основал партија Обединети за Македонија, каде станал претседател на истата.
На Парламентарните избори во 2011 година, Бошковски и неговата партија освоиле 1.52% од гласовите.
Веднаш по изборите, односно на 6 јуни 2011 година, Љубе Бошковски бил уапсен од страна на припадниците на мобилната полициска единица Алфи, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања[1].
[уреди] Обвиненија
Во мај 2004 година од страна на парламентарната комисија за мандатно-имунитетни прашања, одземен му е пратеничкиот имунитет, поради сомневање за негова вмешаност во случајот Раштански Лозја, поточно за потикнување на убиство на 6 пакистански и еден индиски државјанин на 3 март 2001 година. По обидот за негово повикување од страна на истражен судија, заминува за Хрватска, каде што се пријавува во полициската станица во Загреб. По објавената меѓународна потерница и доставеното барање за негово судење во Хрватска од страна на Министерството за правда на Република Македонија, Бошкоски е притворен во затворот во Пула. По шестмесечна истрага, основниот јавен обвинител Нуиќ покренува обвинение за вмешаност на Бошкоски за извршени седум дела на убиство, но судењето не отпочнало заради барањето од Судот за воени злосторства во Хаг да биде депортиран во затворот во Шевенинген за случајот Љуботен, поточно за убиство на 10 цивили на 12 август 2001 година во селото Љуботен. На 22 април 2005 година Основниот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за 4 обвинети во случајот Раштански лозја, па се очекува и судот во Пула, кој го замрзнал предметот заради заминување на Бошкоски во Хаг, да го ослободи за истот случај.
[уреди] Ослободување
На 10 јули, 2008 Бошковски е прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и е ослободен. Го пречекуваат најважните македонски државници со големи почести.
[уреди] Пишани дела
Автор е на делото Мојата борба за Македонија.
[уреди] Мисли
- „Не признавам борба за Македонија без нејзин триумф“.
- "Македонскиот народ клечи и моли, но само пред Господ".
[уреди] Надворешни врски
- Прилог статии за враќањето на Љубе Бошкоски
- Официјална страница на Љубе Бошкоски
- Страница на Македонското патриотско друштво „Љубе Бошкоски“
[уреди] Наводи
|
|