3 март
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | март | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | ||||||
3 март е 62-иот ден во годината според григоријанскиот календар (63-и во престапна година). Остануваат 303 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1822 | Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ. |
| 1878 | По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ден на независноста на Бугарија. |
| 1996 | Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хозе Марија Азнар победи на парламентарните избори. |
Родени:
| 1847 | Александар Грахам - Бел, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот. |
| 1872 | Борис Дрангов, офицер и воен теоретичар на бугарската армија. |
| 1876 | Марија Георгиевна, принцеза на Грција. |
| 1898 | Харалампие Манчев, македонски медицински научен истражувач. |
| 1906 | Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач. |
| 1915 | Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. |
| 1953 | Јагода Михајловска - Георгиева, македонски раскажувач, романсиер и есеист. |
| 1965 | Мендух Тачи, македонски политичар. |
| 1967 | Зоран Коњановски, македонски политичар. |
| 1975 | Шеваљ Етхеми, поранешен член на ОНА. |
| 1991 | Виктор Елиас, шпански глумец и пејач. |
Починале:
| 1605 | Папа Климент VIII, римски папа. |
| 1703 | Роберт Хук, англиски научник. |
| 1878 | Јанка Каневчева, македонска револуционерка. |
| 2008 | Џузепе Ди Стефано, италијански оперски пејач. |
Празници:
| * | Национален празник на Република Бугарија |
| * | Ден на општина Тетово |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |