Артур Лундквист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец.svg Артур Лундквист
Artur Lundkvist.jpg
Роден(а) 3 март 1906
Шведска Персторп, Шведска
Починал(а) 11 декември 1991
Шведска Солна, Шведска
Занимање поет, прозаист, критичар

Артур Лундквист (шведски: Artur Lundkvist; 3 март 1906 - 11 декември 1991) — шведски писател, поет и литературен критичар, член на Шведската академија од 1968 до неговата смрт дваесет и три години подоцна.

Роден во селска средина, Лундквист уште на десет години го напушта училиштето и останатиот дел од животот се само-едуцира. Се преселува во Стокхолм каде во 1928 година ја издава својата прва збирка поезија Glöd („Жар“). Во 1936 година се венча со поетесата Марија Вине. Како припадник на виталистичката школа, тој ги идеализира човековите инстикти и страсти во најголем дел од неговите 80 книги, преведени на речиси 30 јазици. Исклучок прават само книгите пишувани во текот на Втората светска војна, кога неговата поезија зазема еден попесимистички став.

Првата книга поезија „Жар“ ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патеписи. Со антологијата „Петмина млади“ во 1930 година го навести модернизмот.

Издава низа поеми, меѓу кои особено се истакнува Om natten („Во ноќта“). Високо се ценат неговите преводи на низа дела од шпански и француски писатели. Голем дел од писателите кои тој ги има преведено подоцна се наградени со Нобелова награда за литература.

Како еден од највидните членови на Шведската Академија, во 1983 година Лундквист се противи на доделувањето на ова престижно признание на Вилијам Голдинг, сметајќи дека Нобеловата награда требало да ја добие Клод Симон (Симон ќе стане нобеловец три години подоцна).

Во 1958 г. ја добил Лениновата награда за мир.

Во 1977 г., го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Надворешни врски[уреди]