Булат Шалвович Окуџава (руски: Булат Шалвович Окуджава, грузиски: ბულატ ოკუჯავა) ((9 мај 1924 - 12 јуни 1997)) е советски и руски поет, прозаист, композитор и сценарист, еден од основачите на рускиот жанр наречен „авторска песна“ (авторская песня). По потекло бил Грузиец роден во Москва; умира во Париз. Создава повеќе од 200 музички композиции на чиј текст е автор самиот тој. Неговите песни се еден вид мешавина на рускиот традиционален фолклор и на француските шансони. Иако тие никогаш немаат политички карактер (за разлика од оние на неговите колеги - "бардови"), свежината и независноста на поезијата на Окуџава секогаш им пречи на властите кои долго време ќе се двоумат дали да го санкционираат неговото творештво.
Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1967 година.
Надворешни врски[уреди]