Мак Диздар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Златен венец.svg Мехмедалија Мак Диздар
180px
Роден(а) 17 октомври 1917
Столац, Босна и Херцеговина
Починал(а) 14 јули 1971
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Сараево, Босна и Херцеговина
Занимање поет

Мехмедалија "Мак" Диздар (17 октомври 1917 - 14 јули 1971 во Сараево) бил босански поет, еден од најголемите југословенски поети од втората половина на дваесеттиот век.

Содржина

[уреди] Живот

Основно училиште завршува во својот роден град Столац а гимназија во Сараево, по што, во текот на Втората светска војна е приврзаник на комунистите и партизаните.

По крајот на војната, Диздар веднаш се истакнува како највидна личност во културниот живот во Босна и Херцеговина, работејќи како главен уредник на дневниот весник Oslobođenje, челник на неколку издавачки куќи и, на крајот, како професионелаен писател и претседател на Друштвото на Писателите на Босна и Херцеговина, се до неговата смрт во 1971 година.

[уреди] Творештво

Со оглед на фактот што Диздар во текот на целиот живот е посветен комунист и миленик на високите политички кругови, со право би требало да се очекува дека неговите литературни квалитети се ограничени од страна на доктрината на социјалистичкиот реализам и социјалната поезија која е фаворизирана во овој период. Сепак, Диздар успева да создаде уникатен и моќен поетски опус и зад своето име да остави стихови кои и денес се сметаат за врвни дела во пост-воената југословенска литература.

Како поет, Мак Диздар останува запаметен по своите две крунски книги: една збирка Kameni spavač (Камениот спијач (1966-1971)) и една подолга поема Modra rijeka (Модра река (1971)). И двете успеваат да достигнат еден величенствен претоп на два навидум неспоредливи елементи: инспириран од средновековните надгробни споменици во Босна ("stećci" или "mramorovi") и врежаните афористички записи во кои се зборува за минливоста на животот, тој создава една прекрасно структуирана збирка на блажени стихови натопени во неговата сопствена, интимна, а сепак универзална визија на животот и смртта извлечена од христијанските и муслиманските гностички сочувствени сфаќања за животот како премин меѓу "гробот и ѕвездите". Диздаровиот поглед на почетокот и крајот, парадоксално, ги обединува гностичкото ужасување од телесните страсти и чувството на блаженост и хармонија во исконоста на земјата и универзумот.

Дури и по распадот на Југославија и падот на комунизмот, Диздаровиот поетски magnum opus останува да биде од подеднаква важност - Модра река и Камениот спијач стануваат камен-темелник во процесот на изградување на модерната босанска литература.

[уреди] Награди

Во 1969 година, Мак Диздар го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици