Социјалистички реализам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Социјалистички реализам е правец во уметноста кој датира од 1934 година. Неговите поставки се изнесени на првиот конгрес на сојузот на советските писатели. Во првата деценија од формирањето на Советскиот Сојуз, настануваат редица нови литературни групации кои на различни начини сакаат да одговорат на општото прашање: „Каква треба да биде литературата во земја со социјалистичко уредување?“ Но, по таа деценија се настојува да се искристализира мислењето за литературата, и така настанува правецот социјалистички реализам, кој изнесува одреден вид негативни појави во животот и ја покажува стварноста во нејзината полетност. Најкарактеристични претставници на овој правец се: Максим Горки, Николај Островски, Михаил Шолохов, и други. Да не се меша овој правец со социјалниот реализам, кој се појавува во истото време во САД.

За идејата [уреди]

Главното настојување на социјалистичкиот реализам е синтеза меѓу она што се смета за трајно во реализмот и романтизмот. Овој правец се појавува во извесна смисла како квалитетно надраснување на критичкиот реализам. Максим Горки во својот реферат вели дека доколку постојната реалност овозможува полетен однос, дотолку е потребно да се изнесе понесеноста со поглед кон иднината. Во поставките на Бухарин се вели дека сето она што претставува богатство на психолошкото вреднување на човекот, треба да биде искористено во литературата.

Во првата фаза, овој правец претставувал навистина нешто ново. Во втората фаза се појавува таканаречениот ждановизам (според името на Жданов), а овој правец е познат и кај нас.


Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]