Пабло Неруда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец.svg Пабло Неруда
Pablo Neruda.jpg
Роден(а) роден на 12 јули 1904
Чиле Парал, Чиле
Починал(а) починал на 23 септември 1973
Чиле Сантјаго, Чиле
Занимање поет, дипломат, политичар

Потпис

Пабло Неруда (шпански: Pablo Neruda; 12 јули 1904 - 23 септември 1973) — псевдоним, а подоцна и официјалното име на чилеанскиот писател и комунист Нефтали Рикардо Рејес Басоалто (Neftalí Ricardo Reyes Basoalto). Неговите дела се преведени на многу јазици, а Пабло Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на XX век.

Поезијата на Неруда е разгранета во неколку различни стилови и мотиви, почнувајќи од еротските љубовни песни (како "Бели ридови"), надреалистичните поеми, историските епови, како и политичките манифести. Можеби најобожаваните песни на Неруда се "Оди за скршените нешта," собрани во неколку томови. Колумбискиот романсиер Габриел Гарсија Маркез еднаш го нарекува Неруда „најголемиот поет на XX век на било кој јазик“. Во 1971 година, Неруда ја добива Нобеловата награда за литература, а следната година и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Неруда е поетот кој ќе чита пред најмногубројна публика и тоа на два пати. На 15 јули 1945 година на стадионот Пекамбу во Сао Паоло, Бразил, тој чита пред 100,000 луѓе песни во чест на комунистичкиот водач и револуционер Луис Карлос Престес.[1] Откако ја прима Нобеловата награда за литература, на покана од претседателот Салвадор Алјенде, Неруда рецитира делови од својата поезија на Estadio Nacional пред повеќе од 70,000 луѓе.

Во текот на својот живот, Неруда е неколку пати на видни дипломатски позиции, а кратко време е и секретар на Чилеанската Комунистичка Партија. Кога конзервативниот чилеански претседател Габриел Гонзалез Видела ќе спроведе терор врз комунистите во Чиле, издаден е налог за апсење на Неруда. Неговите пријатели со месеци го кријат во подрумот на една куќа во пристанишниот град Валпараисо. Преку планина, во близина на езерото Маихуе, Неруда успева да избега во Аргентина. Подоцна, Неруда ќе биде близок соработник на социјалистичкиот претседател Салвадор Алјенде.

Хоспитализиран е со рак во времето на државниот удар кој го предводи Августо Пиноче и во текот на кој неговиот близок пријател Алјенде ќе го изгуби живоот. Неруда умира од инфаркт дванаесет дена подоцна. Веќе легенда во текот на својот живот, по смртта Неруда ќе стане вистинска митска личност - неговиот погреб ќе прозвучи насекаде низ светот. Имено, по наредба на Пиноче погребот на Неруда не смеел да стане јавен настан, но илјадници чилеанци, со солзи во очите, и покрај смртните закани, ги преплавуваат улиците во чест на големиот поет. Со тоа, погребот на Неруда се претвора во прв голем јавен протест против новововедената диктатура.

Својот псевдоним, Неруда го презема од името на чешкиот писател и поет Јан Неруда; подоцна тоа му станува негово легално и официјално име.

Белешки[уреди]

  1. Неруда - животот на поетот - хронологија (1944–1953), Fundación Neruda, Чилеански Универзитет.

Надворешни врски[уреди]