Ежен Гилвик
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| 150px | |
| Роден(а) | 5 август 1907 |
|---|---|
| Починал(а) | 19 март 1997 |
| Занимање | поет |
Ежен Гилвик ((5 август 1907 - 19 март 1997)) е еден од најважните француски поети од втората половина од 20тиот век. Професионално се претставува само преку своето презиме Гилвик (фран. "Guillevic").
Роден е во Карнак, Бретања. Откако добива диплома по математика во 1926 година, влегува во администрацијата на Алзак, а подоцна е дел и од Министерството за финансии и економија. Станува симпатизер на комунистите уште во текот на Шпанската граѓанска војна, поради што од 1942 година станува и активен член на Комунистичката партија. Тука се поврзува со Пол Елијар. На партијата ѝ останува верен се до 1980 година.
Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизичкиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и сугестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите.
Во 1976 година Гилвик ја добива Големата Поетска награда на Француската Академија а со национално признание од ваков карактер се здобива во 1984 година. Добитник е и на Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата.
Надворешни врски [уреди]
- Ежен Гилвик. (англиски)
|
||||||||||


