Јехуда Амихај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Златен венец.svg Јехуда Амихај
Роден мај 3, 1924(1924-05-03)
Вирцбург, Германија
Починал септември 22, 2000(2000-09-22) (на 76 год.)
Израел

Јехуда Амихај (3 мај 192422 септември 2000) беше израелски поет. Многумина, и во Израел и во светот, го сметаат Амихај за највеличествениот израелски модерен поет.[1] Исто така, тој е меѓу првите што пишувале на разговорен хебрејски.[2]

Амихај е добитник на многу награди, меѓу кои и на Златен венец на Струшките вечери на поезијата во 1995.

Поезија[уреди]

Поезијата на Амихај обработува настани од секојдневниот живот и филозофски полемики за значењето на животот и смртта. Карактеристични за неговата поезија се благата иронија и оригиналната сликовитост. Како и повеќето секуларни израелски поети, тој се „бори“ со верата во религијата. Во неговите поеми можат да се најдат референци кон Бог и религиското искуство.[3] Беше опишан како поет-филозоф во потрага по пост-теолошки хуманизам.[4] За Амихај се вели дека имал „ретка способност да ја претвори личната, дури и приватна, љубовна ситуација, со сите нејзини радости и таги, во сечие искуство“.[5]

Некои ги сметаат неговите метафори за богохулни.[6] Во неговата поема „И ова е твојата слава“ (Vehi Tehilatekha), на пример, Бог се наоѓа под Земјината топка како механичар под кола и залудно се обидува да ја поправи. Во поемата „Боговите се менуваат, молитвите остануваат исти“ (Elim Mithalfim, ha-Tfillot Nisharot la-Ad), Бог е прикажан како туристички водич или магионичар.

Белешки[уреди]