5 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
5 август е 217-иот ден во годината според григоријанскиот календар (218-и во престапна година). Остануваат 148 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 1305 | Вилијам Волис, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е транспортиран во Лондон за судење и егзекуција. |
| 1789 | Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот. |
| 1858 | Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија. |
| 1884 | На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата. |
| 1962 | Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен се до 1990 година. |
| 1974 | Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на Аферата Вотергејт. |
Родени:
| 1802 | Нилс Хенрик Абел, норвешки математичар. |
| 1850 | Ги де Мопасан, француски писател. |
| 1862 | Џозеф Мерик, британец со огромни деформитети на телото, многу попознат како „Човекот Слон“. |
| 1898 | Василиј Лебедев-Кумач, советски поет. |
| 1930 | Нил Армстронг, американски космонаут, првиот човек што стапнал на Месечината. |
| 1962 | Патрик Јуинг, американски кошаркар. |
| 1968 | Марин Ле Пен, француска политичарка. |
| 1982 | Микеле Пациенца, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1895 | Фридрих Енгелс, германски философ. Заедно со Карл Маркс го напишал „Комунистичкиот манифест“. |
| 1962 | Мерилин Монро, американска филмска актерка. Пронајдена е мртва во нејзиниот дом. Стана поп-икона на 1950тите. Играше во филмовите „Џунгла на асфалтот“, „Нијагара“, „Мајмунска работа“, „Автобуска станица“, „Мажите повеќе сакаат русокоси“ и „Седум години верност“. Родена е во Лос Анџелес, на 1 јуни 1926 година. |
| 1998 | Тодор Живков, бугарски комунистички лидер од 1956 до 1989 година. |
| 2000 | Алек Гинис, британски актер. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
