Феудализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Феудализмот (од латинскиот збор feudum) е општествено-економска формација во средниот век во која човечкото општество се дели на две основни антагонистички класи:

  • феудалци и
  • селани-кметови (крепосни селани).

Основна карактеристика на феудализмот е сопственоста на средствата за производство во рацете на феудалецот (ја поседуваат во прв ред земјата) и непотполната сопственост над производителот - селанецот-кмет. Напоредно со сопственоста на феудалците, постои и ситна сопственост на селаните и занаетчиите над орудијата за работа (селски инвентар, занаетски алат) и над куќата и покуќнината.

Особини на феудализмот[уреди]

Во однос на робовладетелската општествена формација, феудализмот претставувал напредок, бидејќи поради делумната заинтересираност на произведувачот (селанецот-кмет) за работа, се обезбедувал понатамошен развиток на производните сили. Во поглед на начинот на кој феудалецот ги остварувал своите приходи, феудалната епоха ја карактеризираат три видови на ренти:

  1. Работна рента, кога селските обврски се состоеле во работата (кулукот) на феудалниот имот (период наречен ран феудализам, до 11 век)
  2. Натурална рента, кога поголем дел од селската дажбина се состои во давање на готови производи на феудалецот (период наречен развиен феудализам, од 11 до 15 век) и
  3. Парична рента, кога феудалците, поради развиениот пазар и робопаричните односи (развиени градови, занаети, мануфактури, трговија, банкарство), најголем дел од селските кулучарски и натурални обврски ги заменуваат со парични дажбини (т.н. доцен феудализам, 15-18 век).
  4. Боновна рента, кога феудалецот поради задржување на сопствениот капитал работната снага ја исплатува со сопствени парични средства кои можат единствено да бидат потрошени во неговиот реон каде што владее (т.н. модерен феудализам, 20-21 век).

Феудална држава[уреди]

Во политички поглед, феудалната држава поминала, исто така, низ три фази од својот развиток.

Во првата фаза, која одговара на раниот феудализам, централната кралска власт во државата, во однос на големата моќ на феудалците, била слаба и кралот како "прв меѓу еднаквите" (лат. Primus inter pares) често не е во состојба да ги спречи феудалните војни и феудалната анархија во земјата.

Во втората фаза (која одговара на развиениот феудализам), државата добива облик на сталешка монархија, во која кралот владее потпирајќи се на три сталежи (благородништво, свештенство и граѓанство) и со помош на граѓаните постепено ја зајакнува својата власт.

Во третата фаза (која одговара на доцниот феудализам), феудалната држава добива форма на феудално-апсолутистичка монархија, во која централната кралска власт е многу силна, благодарејќи на поддршката на зајакнатото граѓанство.

За целото време на феудализмот во Европа, христијанската црква била идеолошки столб и бранител на феудализмот, бидејќи како и крупниот феудалец, и кметовите биле заинтересирани за одржувањето на феудалниот општествен поредок, кој црквата го претставувала на своите верници како божја волја и секоја побуна против него го обележувала како најтежок грев (од делата на црковните писатели Кметството е божји дар, Работејќи за владетелот и слушајќи ја службата божја, ние го љубиме Бог). Црквата редовно ги анатемисувала сите антифеудални движења (селски востанија, еретички движења, борбата на граѓаните против феудалците, граѓанската или буржоаска култура и сл.), помагајќи им така на световните феудалци во задушувањето на антифеудалните движења. Најостар вид на класна борба во времето на феудализмот претставувале селските востанија. Нив ги имало многу во сите земји, но поради неорганизираноста на селаните никогаш не успевале. Од 12 век, со развојот на градовите, занаетчиството и трговијата, започнува и борбата на обесправените граѓани против феудалците во кои граѓаните, поорганизирани од селаните ги добивале битките. Така, тие почнале да имаат претставници во собирот на сталежите и градската самоуправа, кои ги назначиле кралот или феудалците.

На почетокот на 16 век, граѓанскиот сталеж под влијание на развојот на производните сили се претвора во класна свесна буржоазија, која, собирајќи околу себе антифеудални сили (селани, занаетчии, ситни трговци), во големите Буржоаски револуции, го руши феудалниот поредок и основа свој - капиталистички. Од сите буржоаски револуции најодлучен удар на феудализмот нанела Француската буржоаска револуција од 1789, по која феудализмот како општествен систем се држи само во заостанатите држави на средна и источна Европа, кадешто во текот на 19 век (во Германија, Хабсбуршката монархија и Италија во 1848, а во Русија во 1861) и таму под притисокот на борбите на широките народни маси бил делумно укинат. Во колонијалните и полуколонијалните земји (Кина, Индија и др.) феудализмот се додржал сè до првата половина на 20 век и се ликвидирал во текот на спроведувањето на народноослободителните борби и антиколонијални револуционерни движења.