Стогодишна војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стогодишна војна
Стогодишна војна
Датум 1337–1453
Место Во Франција и во Ниските Земји
Исход Династија Валоа,
станала владеачка династија во Франција.
Територијачни
промени
Династијата Валоа обезбедила контрола врз сите француски земји, освен по линијата на тврдината Кале
Завојувани страни
Blason France moderne.svg Династија Валоа
Escudo Corona de Castilla.png Кастилја
Royal coat of arms of Scotland.svg Шкотска
CoA civ ITA milano.png Џенова
Armoiries Majorque.svg Мајорка
Small coat of arms of the Czech Republic.svg Бохемија
Aragon Arms.svg Арагон
COA fr BRE.svg Бретања
England Arms 1340.svg Династија Плантагенет
Blason fr Bourgogne.svg Бургундија
Blason de l'Aquitaine et de la Guyenne.svg Аквитанија
COA fr BRE.svg Британија
Armoires portugal 1385.png Португалија
Blason Royaume Navarre.svg Навара
Blason Nord-Pas-De-Calais.svg Фландрија
Hainaut Modern Arms.svg Hainaut
Luxembourg New Arms.svg Луксембург
Holy Roman Empire Arms-single head.svg Света Римска империја

Стогодишната војна е името на серија вооружени конфликти помеѓу Англија и Франција кои траеле од 1337 година до 1453 година. Воените судири главно се водиле во Франција.

Првата голема победа на Англичаните се случила во 1340 година. По ова, тие навлегле во северна Франција и веднаш постигнале уште една голема победа наречена Битката кај Кресија во 1346 година. Англичаните, кои имале околу 9.000 војници, ги разбиле француските војници кои биле околу 30.000 на број. Главна причина за поразот на Франција се согледува во англиските стрелци со лак, наспроти француската коњаница. По десет години од Битката кај Кресија, двете армии повторно одвиле голема битка позната како Бтката кај Поатеја. На истиот начин, англиските војски повторно ги поразиле француските рицари. Новиот француски крал, Јован II Добриот бил заробен, и останатиот дел од својот живот го поминал во Англија. Негов наследник бил Шарл V, кој раководил до 1380 година. Последиците од Поатеа биле многу тешки за Франција. Во 1358 година избувнало востание во Париз на чело со Етиен Марсел. Во 1360 година французите биле принудени да потпишат договор во Бретини со кој англискиот крал Едвард се откажал од француската корона, но за своја сметка ја добил цела југозападна Франција, места каде претходно се наоѓале англиските територии.

Војните продолжиле во 1369 година кога на чело на француските војски застанал Бертран Дугеклен. Тој направил нова тактика со која од функција ги отфрлил тешковооружените рицари и ги заменил со лесни одреди. Ги одбегнувал директните дејства со англиските стрелци и претпочитал партизански начин на војување. Како резултата на тоа, англиското присуство во Франција било повторно сведено само на неколку крајбрежни града. Но настанале нови внатрешни конфликти, како востание во Фландрија поради тешките даноци (1378-1382), како и ривалските конфликти помеѓу Кабошиените и Арманеките.

Во почетокот на 15 век, Англија повторно превзела нови походи кон Франција. Во 1415 година, Хенри V навлегол во Франција, каде во Битката кај Азенкур се соочил со француската армија. Англичаните, иако биле пет пати помалку на број, сепак ги победиле француските позиции. Нормандија, Пикардија и Париз биле окупирани. Хенри V добил можност и достап до управните органи на Франција и бил признат од страна на многу аристократи за наследник на душевно болниот Шарл VI. Веднаш по ова, Бургундија влегла во сојуз со Англија. Во времето кога Хенри и Карло починале во 1422 година, Арманеките за француски крал го избрале Шарл VII, син на Шарл VI. Од другата страна, новиот англиски крал повторно претендирал за круната. Англичаните го опсадиле Орлеан, кој во тоа време претставувал т.н. врата кон јужна Франција. Во 1429 година се настапила Јованка Орлеанка, седумнаесет годишна девојка која го убедувала француското население да се приклучи кон француската војска. Под нејзино раководство, тие го ослободиле Орлеан. Така, во 1429 година, Шарл VII бил прогласен за крал. Во 1431 година, Јованка Орлеанка била заробена од страна на бургундите и била предадена на англичаните, а по ова таа била осудена за ерес од страна на религиозниот суд на Англија и изгорена како вештерка.

И покрај тоа, подемот на Франција продолжил. Во 1436 година, Французите го зазеле Париз и Шарл VII ја добил титулата “Победник“. Тогаш тој ги поставил ѝ основите на обединетата француска монархија, со издавање на документот Прагматична санкција во 1438 година. Со него, тој создал самостојна француска црква која била подчинета на кралот, го вовел основниот данок таил, формирал постојана и платена војска. Последните војни помеѓу англичаните и французите биле во периодот од 1449 година до 1453 година и се одвивале во Нормандија и Аквитанија. Во тие битки биле вратени Руан и Бордо. Со победата на французите во Bитката кај Кастион во 1453 година, англичаните се повлекле без да потпишат мировен договор. Оваа година се смета за крај на Стогодишната војна. По ова, само крадот Кале останал под англиска власт, сè до 1558 година.