Оклократија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Државни уредувања

Дел од серијалот Политика

Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Оклократија (на старогрчки: οχλοκρατία од οχλος - толпа и кρατος - сила, власт) буквално значи власт на народот, но не треба да се меша со демократијата. Обично се смета за деформирана форма на демократијата. За оклократија е карактеристично дека народот често менува својот изборот, под влијание на демагогијата. Оклократија е својствена за преодни и кризни периоди.

Терминот е воведен од Аристотел, кој ја опишува Атина во време на Перикле како оклократија. Според него оклократијата е една од трите форми, изродени од демократијата. Понекогаш терминот се меша со "тиранијата на мнозинството", бидејќи се тесно поврзани. Не треба да се меша поимот "толпа" со претставата за "мнозинство". Друг историски пример за оклократија според истражувачи гледаат во Римската империја во времето на војничките императори. Тогаш легионерите, односно легиите, произволно своите команданти ги бирале за императори.

Извори[уреди]