12 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
12 август е 224-иот ден во годината според григоријанскиот календар (225-и во престапна година). Остануваат 141 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 30 п.н.е. | Клеопатра VII, последен владетел на Египет од Птоломејската династија, извршила самоубиство по поразот на Марко Антониј од страна на Октавијан. |
| 1833 | Основан е градот Чикаго, Илиноис. |
| 1908 | Направен е првиот модел T на Форд. |
| 1914 | Прва Светска Војна: Велика Британија ѝ објавила војна на Австроунгарија. |
| 1945 | Основано е Македонското лекарско здружение. |
| 1952 | Нуклеарно тестирање: Советскиот проект за атомска бомба продолжува со детонација на Joe 4, првото Советско термонуклеарно оружје. |
| 1952 | Ноќта на убиените поети: По наредба на Сталин убиени се тринаесет видни еврејски писатели, поети, уметници, музичари и актери во затворот Љубјанка во Москва. |
| 1960 | Лансиран е Ехо I (англ. Echo I), првиот комуникациски сателит. |
| 1978 | Јапонија и Народна Република Кина го потпишале Договорот за Мир и Пријателство. |
| 1990 | Осветен е Соборниот храм на Македонската православна црква во Скопје, посветен на Св. Климент Охридски. |
Родени:
| 1503 | Кристијан III, дански крал. |
| 1831 | Мадам Блаватска, руска писателка. |
| 1843 | Колмар фон дер Голц, германски фелдмаршал и турски паша. |
| 1853 | Стојан Заимов, бугарски револуционер. |
| 1884 | Давид Бергелсон, советски писател. |
| 1887 | Ервин Шредингер, австриски теоретски физичар. |
| 1905 | Бане Андреев, учесник во НОБ. |
| 1925 | Норис и Рос Меквертер, шкотски близнаци, основачи на Гинисовата книга на рекорди. |
| 1930 | Џорџ Сорос, американски бизнисмен. |
| 1930 | Никола Узунов, македонски општественик. |
| 1949 | Марк Нопфлер, британски гитарист. |
| 1952 | Хади Незир, македонски политичар. |
| 1954 | Франсоа Оланд, претседател на Франција. |
| 1958 | Беќир Синани, поранешен член на ОНА. |
| 1971 | Пит Сампрас, американски тенисер. |
| 1973 | Марк Јулиано, италијански фудбалер. |
| 1982 | Бобан Грнчаров, македонски фудбалер. |
| 1983 | Клас-Јан Хунтелар, холандиски фудбалер. |
| 1988 | Тиџеј ван Гардерен, американски велосипедист. |
| 1990 | Марио Балотели, италијански фудбалери. |
Починале:
| 30 п.н.е. | Клеопатра VII, последната владетелка на Антички Египет од Птоломејската династија. |
| 1648 | Ибрахим I, отомански султан. |
| 1689 | Папа Инокентие XI, римски папа. |
| 1827 | Вилијам Блејк, англиски поет, визионер, сликар и печатар. |
| 1848 | Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, „татко на железницата“. |
| 1900 | Вилхелм Штајниц, австриски шаховски велемајстор, првиот официјален светски шаховски првак. |
| 1920 | Јон Драгумис, грчки дипломат. |
| 1952 | Ицик Фефер, советски поет. |
| 1952 | Давид Хофштајн, советски поет. |
| 1952 | Давид Бергелсон, советски поет. |
| 1952 | Перец Маркиш, советски поет. |
| 1952 | Лајб Квитко, советски поет. |
| 1955 | Томас Ман, германски писател, добитник на Нобелова награда за книжевност во 1929 година. |
| 1982 | Хенри Фонда, американски актер. |
| 1988 | Жан-Мишел Баскија, француски актер. |
| 1989 | Вилиjам Шокли, американски физичар, пронаоѓач на транзисторот и Нобелов лауреат. |
Празници:
| 1999 | Обединети Нации - Меѓународен ден на младоста. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |