3 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
3 август е 215-иот ден во годината според григоријанскиот календар (216-и во престапна година). Остануваат 150 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Логото на НБА
Настани:
| 1492 | Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка. |
| 1909 | Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов. |
| 1914 | Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција. |
| 1936 | Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на Олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф. |
| 1946 | Во САД се основа Националната Кошаркарска Асоцијација. |
| 1960 | Нигер се стекнува со независност од Франција. |
| 2002 | Турција ја укина смртната казна |
Родени:
| 1832 | Иван Зајц, хрватски композитор. |
| 1882 | Алојз Градник, словенечки поет. |
| 1926 | Тони Бенет, американски пејач. |
| 1959 | Коичи Танака, јапонски хемичар и Нобелов лауреат. |
| 1979 | Еванџелин Лили, канадска актерка. |
| 1982 | Виктор Хрјапа, руски кошаркар. |
| 1989 | Сем Хатчинсон, англиски фудбалер. |
Починале:
| 1857 | Ежен Си, француски писател. |
| 1902 | Лазар Москов, македонски револуционер. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, разви организациона дејност во Костурско. Таму тој стана еден од поактивните организатори на ТМОРО и со својата агитација ја подигнуваше револуционерната свест и борбеноста на македонскиот народ. Роден е во селото Д’мбени во 1877 година. |
| 1924 | Џозеф Конрад, британски писател со полско потекло, автор на „Срце на темнината“. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |