Виктор Хрјапа
| Позиција | крилен центар |
|---|---|
| Висина | м |
| Тежина | кг |
| Лига | РКЛ Евролига |
| Екипа | КК ЦСКА Москва |
| Роден | август 3 1982 Киев, СССР |
| Националност | Русин |
| Драфт | 22nd overall, 2004 Њу Џерси Нетс |
| Проф. кариера | 1999– |
Виктор Хрјапа (руски: Виктор Владимирович Хряпа, роден на 3 август 1982 во Киев) е руски кошаркар кој во моментот настапува за екипата на КК ЦСКА Москва на позиција крилен центар.
Својата кариера ја започнал во 1999 година во КК Химки, а во 2001 година преминал во Автодор. Следната 2002 преминал во ЦСКА со кој тим го освоил на два пати руската суперлига во 2003 и 2004 година. На драфтот на НБА бил избран во вториот круг од страна на Љу Џерси Нетс, а по ова тој бил разменет во Портланд. Во 2007 година бил разменет и потпишал за Чикаго Булс. Во 2008 Чикаго го раскинал неговиот договор и тој станал слободен играч.
Во враќањето од САД, тој потпишал со ЦСКА со кој во 2008 ја освоил руската суперлига и Евролигата.
Хрјапа е член на Руската репрезентација со кој во 2007 го освоил златото во Шпанија на Европското првенство во кошарка.